• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ, Северна Македонија во чекалната

September 26, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ, Северна Македонија во чекалната

September 26, 2024 10:42
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

На вчерашната средба на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел, се потврди она што одамна беше најавувано, се разделуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ .

Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ на 15 октомври, со отварањето на првиот кластер „Темелни вредности“  на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Албанија што ќе се одржи во Луксембург.

Северна Македонија и Албанија во јули 2022 година истовремено ги одржаа своите први меѓувладини конференции, по што започна скрининг процесот за двете држави. Но, додека Албанија успеа да го надмине ветото од Грција, Северна Македонија останува блокирана поради неусвојувањето на уставните измени. Бугарските медиуми известуваат дека на вчерашниот состанок во Брисел воопшто не била дискутирана темата за продолжување на преговорите со Северна Македонија, бидејќи земјата не го исполни договорениот услов за одржување на втората меѓувладина конференција, внесување на Бугарите во Уставот.

Ова значи дека и покрај долготрајните заложби за заеднички пристап кон Албанија и Северна Македонија во процесот на европска интеграција, на 15 октомври двете земји конечно ќе тргнат по различни патеки. Албанија ќе го отвори своето прво поглавје, додека Северна Македонија ќе остане заглавена во процесот, чекајќи го решението на внатрешно-политичките прашања поврзани со уставните измени.

Раздвојувањето на европскиот пат на двете соседни земји неодамна тоа го најави и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кој рече дека „целта е во октомври да се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија и можеби Северна Македонија“.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја посетата на Брисел призна дека земјава го губи чекорот во пристапувањето кон ЕУ поради блокадите на соседите, и рече дека сега и „Албанија ќе нѐ претрка“, префрлајќи ја топката кај челниците во Брисел од кои побара да изнајдат начин како Македонија да биде дел од Унијата, ако навистина постои желба за тоа.

„Очигледно дека дозволуваат една земја-членка да го билатерализира целиот овој процес, нешто кое што не е став на останатите 26 земји-членки. Ние немаме што да правиме, ние мораме да се бориме за својот став, ние мораме да се бориме за својата позиција и на моите соговорници им кажав дека повеќе не можеме пред нашите граѓани да излеземе и да ги браниме двојните стандарди“, изјави Мицкоски.

Од друга страна, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „Канал 5“, осврнувајќи се на процесот на интеграција на земјава во ЕУ, рече дека тој прв изјавил дека нашата земја ќе биде споена со Албанија на патот кон ЕУ. Во исто време, Николоски рече и дека е уверен оти Албанија нема никогаш да стане полноправна членка на Унијата.

За да може да напредува во преговорите, од Северна Македонија се бара да го исполни единствениот услов од преговарачката рамка – промената на уставот и внесувањето на бугарското малцинство.

Од новиот состав во Собранието засега нема најава дека е обезбедено мнозинство за таков чекор, додека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара преодни решенија со таканаречениот „француски предлог плус“,  документ со кој македонската делегација замина во Брисел минатата недела за да бара  одложена примена на уставните измени, едноставно не помина, иако министерот за надворешни работи, Тимчо  Муцунски посочи дека со претставниците на ЕУ се дискутирало за овие прашања и дека дијалогот продолжува, судејќи според посветеноста на Владата, во недоглед.

Со разделувањето на Македонија и Албанија нашата земја останува во вакуум просторот меѓу земјите од Западен Балкан кои ги почнале преговорите (Црна Гора, Србија и Албанија) и оние што се далеку од таа фаза (Босна и Херцеговина и Косово).

За потсетување, Турција ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ на 3 октомври 2005 година, по нејзиното барање на 14 април 1987 година да стане полноправна членка на Европската економска заедница (ЕЕЗ), претходникот на ЕУ.

Но, од 2016 година, пристапните преговори се заглавени откако ЕУ ја обвини Турција за кршење на човековите права и дефицит во владеењето на правото. На 20 февруари 2019 година, комисијата на Европскиот парламент гласаше за суспендирање на пристапните преговори, и оттогаш пристапните преговори на Турцијасе во застој и не може да се размислува за отворање или затворање на натамошни поглавја.

Во меѓувреме, на брзата лента за отпочнување преговори за членство во ЕУ се ставени Украина, Грузија и Молдавија.

Tags: Албанијапреговори со ЕУСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ