На сите Авганистанци кои ќе пристигнат во Албанија ќе им биде понудена можност да поднесат барање за политички азил, откако ќе добијат дозвола за престој, пренесува Топ Чанел од анонимни извори во владините служби задолжени за пречек на бегалците.
Дозвола за престој ќе им биде дадена врз основа на член 33 од Женевската конвенција за бегалци. Во овој процес ќе бидат вклучени Министерството за внатрешни работи преку Дирекцијата за граница и имиграција.
Уште една причина за понудениот политички азил во земјата е можноста меѓу пристигнатите да има и такви кои за добивање специјална SIV виза , по доаѓањето во Албанија , пред американските власти за визи да треба да ја докажат својата соработка со американската војска или НАТО во Авганистан, пренесува телевизијата.
Според истиот извор се уште не познато кога првиот контингент Авганистанци ќе пристигне на Тиранскиот аеродромот „Ринаси“.
Премиерот Еди Рама деновиве за италијански „Фогли“ изјави дека неговата земја ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганистанци.
Тие ќе бидат сместени во студентскиот центар во Тирана, како и во хотели во Драч и Берат, откако ќе ја минат неопходната процедура