• Latest

Албански медиуми: Албанија и Британија заеднички против организираниот криминал; албанските социјалисти го повлекоа предлог законот за амнестија од Собранието; продолжува притворот за Тачи и Весели

February 23, 2024

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанија и Британија заеднички против организираниот криминал; албанските социјалисти го повлекоа предлог законот за амнестија од Собранието; продолжува притворот за Тачи и Весели

February 23, 2024 12:08
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија и Велика Британија ќе формираат работна група против организираниот криминал. Двете држави ќе спроведат заеднички истраги и ќе разменуваат информации за напад на криминални групи и запленување на нивните имоти, пренесуваат албанските медиуми.

Социјалистичката партија го повлече предлог-законот за кривична амнестија што се очекуваше вчера  да помине во парламентот. Причина за ваквата постапка на мнозинството е судирот со опозицијата. Засега нема консензус за кривичната амнестија, закон кој бара минимум 84 гласа за да се донесе.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Визион Плус: Албанија и Британија со работна група против организираниот криминал

По работната група против илегалната имиграција, Албанија и Велика Британија ќе формираат работна група против организираниот криминал. Исто така, двете држави ќе спроведат заеднички истраги и ќе разменуваат информации за напад на криминални групи и запленување на нивните имоти.

Ова ќе биде овозможено благодарение на меморандумот што беше потпишан меѓу Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) и Националната агенција за криминал (НЦА) на Обединетото Кралство. Генералниот директор на оваа агенција Грем Бигар на 22 февруари го потпиша меморандумот со првиот човек на СПАК, Алтин Думани, пренесе Визион Плус.

Клан: Немаше  консензус за амнестија, социјалистите го повлекоа предлог-законот  од Собранието

“Извори за Клан информираат дека Социјалистичката партија го повлече предлог-законот за кривична амнестија што се очекуваше вчера  да помине во парламентот. Причина за ваквата постапка на мнозинството е судирот со опозицијата. Засега нема консензус за кривичната амнестија, закон кој бара минимум 84 гласа за да се донесе .

Министерот за правда Улси Мања вчера за медиумите објасни дека нема амнестија за ниту едно од кривичните дела кои се истражуваат и судат во Специјалниот суд. Тој рече дека исклучок има само за некои полесни прекршоци кои се кривични дела.“, пренесе Клан.

Сури: Судот ги ослободи демонстрантите/ Барди: Беа земени како заложници, полицајците се идентификувани и ќе сносат лична одговорност

Претседателот на пратеничката група на ДП Газмент Барди во изјава за медиумите по ослободувањето на четворицата демонстранти рече дека тие биле заложници на режимот на Еди Рама.

„Судот и обвинителството денеска докажаа дека Андреа, Кинди, Бледари и Исмети околу два дена беа како заложници на државната полиција како уапсени, политички затвореници на режимот на Еди Рама, пренесе Сури.

КОСОВО

Перископи: Продолжува притворот на Тачи Весели

„Специјалниот суд го продолжи притворот за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели, на кои им се суди за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.“, пренесе Перископи.

РСЕ: Османи вели дека во Косово ќе се гради регионален центар за жени и безбедност

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во петокот најави дека во соработка со Стејт департментот на САД, на Косово ќе се гради Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

Говорејќи во Приштина на регионалната конференција „Парламентаризмот и резолуцијата 1325: перспективи од Западен Балкан, Османи истакна дека Косово е една од четирите земји избрани за овој центар.

„Отворањето на овој центар на Косово стана дел од американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, како и дел од американскиот национален акционен план“, рече Османи, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: Со овој молив пишуваше  цел Балкан – и Зигмунд Фројд

„Ако ги прашате луѓето заинтересирани за историјата на Балканот што ја одржа Југославија заедно, тие обично споменуваат два брендови: жолтиот зачин наречен Вегета и алатките за пишување на Пенкала, традиционална фирма од Хрватска. Вегета сè уште е присутна на слободниот пазар (дури и во продавниците во Швајцарија). Додека Пенкала банкротираше пред неколку недели. И така ќе исчезне дел од пишаната култура и историја на Балканот.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „ Со овој молив пишуваше цел Балкан – и Зигмунд Фројд“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албаснки медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ