• Latest

Албански медиуми: Албанските и светските медиумски здруженија со осуда за инцидентот на Рама и новинарката; Рама не се извинува, вели дека е лага; Косово и Србија на 22 март со предлози за динарот

March 20, 2024
Фото: Скриншот од видео на Суспилне новине

(ВИДЕО) Кијив се збогува со новинарката Викторија Рошчина, која почина во руско заробеништво: Се збогуваме со Вика, но не и со нејзиниот случај

August 8, 2025

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

August 8, 2025
Фото: Принтскрин, Фејсбук на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Тишината на институциите – гласна предизборна партиска промоција

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Германија ја запре продажбата на оружје на Израел, како одговор на планот на Нетанјаху за преземање на градот Газа

August 8, 2025

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

August 8, 2025
Фото: Микола Кулеба/Х

„Не е поразлично од каталог за робови, ова е трговија со деца“ – руските окупатори лансираат „каталог“ на украински деца за посвојување, сортирани по боја на очи и коса

August 8, 2025

Меџити очекува дивоградбите во Чаир дека нема да биле „голема“ предизборна тема, ќе има мораториум

August 8, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025

Одбележување 24 години од загинувањето на 10 војници кај Карпалак во 2001

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанските и светските медиумски здруженија со осуда за инцидентот на Рама и новинарката; Рама не се извинува, вели дека е лага; Косово и Србија на 22 март со предлози за динарот

March 20, 2024 11:18
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама вчера на прес конференција ја турна со рака по лице новинарката Амброзија Мета. По овој инцидент реагираа албанските медиуми и Мониторинг групата за кршење на слободата на медиумите. Рама одби да се извини, тврдејќи дека тоа е лага.

Бесник Бислими и главниот српски преговарач Петар Петковиќ вчера се сретнаа во Брисел со посредство на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Ова е првпат претставници на косовската влада да учествуваат на вакви разговори откако Косово, со регулативата на Централната банка која стапи на сила на 1 февруари, престана да го користи српскиот динар, со што еврото стана единствено платежно средство, известуваат косовските медиуми.

АЛБАНИЈА

Попули: Рама  турна новинарка со рака

Инцидентот снимен вчера меѓу премиерот Еди Рама и новинарката Амброзија Мета донесе многу реакции каде беше осуден гестот на шефот на државата. Во меѓувреме, овој инцидент наиде на големо внимание од странските медиуми, кои посветија посебен прилог на настанот. Во врска со овој настан, и белгискиот медиум ХЛН објави дека албанскиот премиер Еди Рама е жестоко критикуван откако турнал новинарка.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/433269140_7101574293274809_1227811858740794918_n.mp4

Медиумите понатаму пишуваат дека Амброзија Мета му поставила прашање на Рама за инвестициски проект на островот Сазан, кој е заштитена еколошка област. На снимката се гледа како премиерот ја става раката на лицето на новинарката и ја турка.

„Мислам дека е срамота што шефот на владата не може да се контролира кога го прашуваат за прашања од јавен интерес“, изјави Мета за Балканската истражувачка новинарска мрежа, пренесе Попули.

Досја – Мониторинг групата за кршење на слободата на медиумите во Европа: Згрозени сме од вознемирувачкото однесување на Рама кон Амброзија Мета

Здружението на професионални новинари на Албанија реагираше во врска со инцидентот во кој новинарката Амброзија Мета беше вмешана со премиерот Еди Рама, при неговата изјава за медиумите.

Во соопштението на здружението се изразува нивната солидарност со Амброзија, за која велат дека ја извршувала својата должност, поставувајќи прашања до премиерот за прашања од јавен интерес, пренесе Досја.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалната мрежа Икс негира дека бил агресивен кон новинарката и одби да се извини.

Apologies?!

Apologies following a completely abhorring lie while everything is in video and a dozen of journalists, and cameramans as well are eyewitnesses of the simple truth that not only there was anything near to an agression, but all questions were answered patiently… pic.twitter.com/iqH3xE7SMl

— Edi Rama (@ediramaal) March 19, 2024

„Извинување?!

Извинувањата по една целосно одвратна лага додека сè е на видео и десетина новинари, како и сниматели се очевидци на едноставната вистина дека не само што имало нешто блиску до агресија, туку и на сите прашања биле одговорени трпеливо (и покрај неколкуте нететички прекини ) во вообичаен разговор со печатот и јас си заминав по пријателско збогување?!“, се наведува меѓу другото во реакцијата на Рама.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Косово и Србија се обврзаа дека на 22 март ќе ги достават своите предлози за користење на динарот во Косово

„Главниот преговарач на Косово во разговорите со Србија, Бесник Бислими изјави дека на средбата во Брисел е постигнат став дека Косово и Србија до 22 март ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар на Косово.

Бесник Бислими и главниот српски преговарач Петар Петковиќ вчера се сретнаа во Брисел со посредство на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Ова е првпат претставници на косовската влада да учествуваат на вакви разговори откако Косово, со регулативата на Централната банка која стапи на сила на 1 февруари, престана да го користи српскиот динар, со што еврото стана единствено платежно средство.

Прашањето, освен што ја налути Србија, предизвика и несогласувања меѓу Владата на Косово и меѓународната заедница, бидејќи српската заедница на Косово со години добива исплати во динари од буџетот на Србија. Западните дипломати побараа од Косово да ја суспендира регулативата, да им даде време на погодените граѓани да се прилагодат на новата практика.“, пренесе Радио Косова е Лире.

Телеграфи: Реакции на лидерите на Косово и локални и меѓународни аналитичари по заканувачката изјава на Вучиќ

На заканувачките изјави на Вучиќ  „дека ќе го нападне Косово“ реагираа претседателката на државата, Вјоса Османи, Владата и аналитичарите. Многу реакции имаше и на платформата „Х“.

Претседателката на државата Вјоса Османи во ексклузивна изјава за Телеграф одговори на заканувачките изјави на претседателот на Србија Александар Вучиќ дадени пред денови.

Османи порача дека Вучиќ ќе пропадне, како и сите досегашни неуспешни напори на Србија.

„Исто како и во минатото, тој мора да знае дека ќе пропадне, бидејќи пропаднаа сите напори на Србија од 1998-99 година наваму да го освои Косово и да ја има територијата на Косово. Првото поради жртвата на народот на Косово и нашата ослободителна војна и второто затоа што отсекогаш сме имале пријатели, слободољубиви народи кои заедно со нас ги бранеле најважните вредности на слободата и демократијата. “, рече Османи.

Владата на Косово потенцира дека реториката на Вучиќ не само што е несоодветна, туку и јасен одраз на односот на Србија кон мировниот процес и односите со Косово.

„Во претходниот случај, беше упатено на конфликтот во Нагорно Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан, земајќи ги како пример акциите на вториот. Овој пат оваа закана дојде токму на годишнината од договорот во Охрид за Анексот за спроведување на основниот договор“, се вели во изјавата за Телеграфи.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи во германскиот парламент (Бундестаг), Михаел Рот изјави дека Србија не може да влезе во Европската унија  додека на чело на Србија е Александар Вучиќ, кој во понеделникот ја предупреди западната заедница дека мора изберат меѓу Косово и Србија.

„Претседателот Вучиќ нешто погрешно разбра. Перспективата за членство во ЕУ не важи само за Србија, туку и за сите држави од Западен Балкан, вклучувајќи го и Косово. Не постојат работи како „или Србија или Косово“.

Но, Вучиќ е во право, со него на чело нема можност Србија да влезе во ЕУ“, објави Рот на платформата „Х“ по заканите на српскиот претседател кон Косово.

Газета Експрес: Светска банка издвои 90 милиони евра за економската реформа

Бордот на Светска банка го одобри Договорот за финансирање на развојните политики за фискална политика, конкурентност и зелен раст меѓу Република Косово и Светска банка, со вредност од 90 милиони евра, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Коха –  Фотографии, милиони евра и молк: како Србија се однесува кон терористот Милан Радоичиќ

„Дека Милан Радоичиќи останува важен „адут“ на моќта во Србија да го дестабилизира Косово, тоа повторно визуелно го докажа фотографијата на која се гледаат како Милан Радоичиќи и Марко Ѓуриќи, амбасадорот на Србија во Вашингтон разговараат во кафеана, доверлив човек на претседателот Александар Вучиќ и веројатен кандидат за следен премиер на Србија.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Фотографии, милиони евра и молк: како Србија се однесува кон терористот Милан Радоичиќ“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ