• Latest

Албански медиуми: Курти од меѓународната побара екстрадиција на Радоичиќ; над 1.350 сменети таблички во „РКС“; Албанија и Италија со билатерален договор за антикорупција

November 14, 2023
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Курти од меѓународната побара екстрадиција на Радоичиќ; над 1.350 сменети таблички во „РКС“; Албанија и Италија со билатерален договор за антикорупција

November 14, 2023 10:22
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на учеството на Виенскиот економски форум, косовскиот премиер Аалбин Курти во интервју побара од меѓународната заедница заложба за екстрадирање на Милан Радоичиќ во Косово. Од 1 ноември до сега, на северот на Косово регистрирани се над 1.350 сменети регистарски таблички  во „РКС“.

Албанскиот министер за правда Улси Мања и Џузепе Бусија, претседател на италијанската Национална антикорупциска агенција денеска во Рим го официјализираа билатералниот договор за спречување корупција.

Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Клан Косова: Курти во Виена побара групата на Радоичиќ да биде екстрадирана во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти побара екстрадиција на Косово на Милан Радоичиќ и неговата група, кои извршија терористички чин на Косово со убиство на полицаец и рани двајца други, во интервју во Виена, каде што учествува на Виенскиот економски форум. Според Курти,  Радоичиќ во Србија бил задржан во полиција само два часа и бил пуштен. А за неговата екстрадиција и криминалната група , тој  побара помош од меѓународната заедница, пренесе Клан Косова.

Коха -Гервала: Да се реагира јасно и брзо кон Србија за агресијата од 24 септември

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала изјави дека на средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ побарала јасна и брза реакција до Србија за терористичкиот напад на 24 септември во Бањска, каде што беше убиен полицискиот наредник Африм Буњаку, пренесе Коха.

Перископи: Над 1.350 граѓани на северот ги смениле регистарските таблички од нелегални во „РКС“

Изминативе денови е забележан голем интерес на српските граѓани во Косово да ги пре-регистрираат своите автомобили во РКС. Од 1 ноември до сега регистрирани се над 1.350, соопшти Ветон Елшани, вршител на должноста директор на полицијата за север, пренесе Перископи.

Газета Експрес: Во Лепосавиќ и Зубин Поток продолжува кампањата за безвизно патување

Во текот на оваа недела ќе продолжи информативната кампања за либерализација на визите за Косово. Кампањата за подигање на свеста продолжува и денеска со Лепосавиќ и Зубин Поток.

„Учествувајте во квизот за да освоите бесплатно патување во Виена и дознајте повеќе за вашите права за патување #безвиза  од 1 јануари 2024 година“, се вели во соопштението.

Инаку, од 1 јануари 2024 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Шенген зоната без визи за краткорочен престој. Патувањето без визи значи дека можете слободно да патувате во земјите на Шенген зоната, но нема да можете да работите, пренесува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Сури: Албанија потпиша договор со италијанската Национална антикорупциска агенција

Министерот за правда Улси Мања и Џузепе Бусија, претседател на италијанската Национална антикорупциска агенција денеска во Рим го официјализираа билатералниот договор.

Според овој договор, италијанската страна ќе и помогне на Генералниот директорат за антикорупција во патот кон станување Антикорупциска агенција под Министерството за правда, со посебен фокус на спречување на корупцијата, проширување на едукацијата за ова прашање на сите алки на образовниот систем во земјата, пренесува Сури.

Опинион – Буџетот за 2024 година, Рама: 400 милиони евра ќе одат за зголемување на платите

400 милиони евра од буџетот за 2024 година ќе одат за зголемување на платите, изјави Рама  на средбата со граѓаните на проширеното Собрание на СП во Поградец.

Рама во својот говор ги потенцираше категориите кои ќе имаат корист од покачувањето на платите, пренесува Опинион.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Трагедијата на еден „непознат“, имигрантите и парадоксот на нашиот живот

Изразувајќи  искрено сочувство до семејството на фудбалерот, една работа ми доаѓа на ум во овие денови исполнети со сладост за имигрантите, гореспоменатите албански кампови, политиката: Животот е многу краток. Двамена тоа ни го потврди во 28-та година од животот, пишува албанскиот колумнист Бен Андони.

Андони ја сензибилизира прераната смрт на фудбалерот Рафаел Двамена кој 11 ноември 2023 година, колабира од ненадеен срцев удар на теренот во 23. минута од првото полувреме од натпреварот од 13. коло помеѓу Игнација и Партизани во Супериорна Категорија Супериоре, и починал на пат кон болницата во Каваја, на возраст од 28 години.

Понатаму во колумната, Андони прави паралела помеѓу медицинското, општественото и политичкото третирање на имигрантите.

Политичарите треба да го разберат ова денес за тоа застрашувачко диво ниво што му го дадоа на албанското општество во последните три децении. омраза; навреди; богохулење, кои не се редат; заморниот протагонист на Рама; монотонијата и цинизмот на реториката на Бериша и бескрајните вести за злосторствата (нашето општество ги произведува со толку голема желба и неподготвеност да го слуша злото) ни покажуваат колку малку го почитуваме животот, пишува Бен Андони во колумната „ Трагедијата на еден „непознат“, имигрантите и парадоксот на нашиот живот“, објавена во Јава Њуз.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ