• Latest

Албански медиуми: Лајчак на средби со косовската опозиција; прекинат протестот на Специјалните единици на Косово; Босна не отвори истрага за тврдењата дека Радоичиќ набавил оружје од Тузла

November 7, 2023

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Лајчак на средби со косовската опозиција; прекинат протестот на Специјалните единици на Косово; Босна не отвори истрага за тврдењата дека Радоичиќ набавил оружје од Тузла

November 7, 2023 11:04
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак е во посета на Приштина, денеска ќе се сретне со лидерите на опозицијата. Специјалната интервентна единица, Единицата за ракување со експлозивни направи  и другите единици на косовската полиција го прекинале протестот најавен за  денеска, бидејќи премиерот Курти ветил дека следната недела на официјален средба ќе разговараат за изнаоѓање решение за нивните барања.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Телеграфи: Усогласување за следните чекори во дијалогот, Лајчак денеска се среќава со лидерите на опозицијата

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак е во посета на Приштина, а по средбата во понеделник вечер, денеска ќе се сретне со лидерите на опозицијата.

По средбата со вицепремиерот Бислими, Лајчак рече дека се договориле за следните чекори.

„Само што се сретнав со првиот вицепремиер Бесник Бислими како продолжение на последната средба со европските лидери во Брисел и потребата од целосна имплементација на Договорот за патеката за нормализација без одложувања и предуслови. Се договоривме и за следните чекори [во дијалогот]“, напиша Лајчак, пренесе Телеграфи.

Клан Косова: Протестот на Специјалната единица за интервенција е прекинат, Курти им вети решение

Косовската полиција соопшти дека Специјалната интервентна единица, Единицата за ракување со експлозивни направи  и другите единици на косовската полиција го прекинале протестот најавен за денеска.

Протестот беше најавен да се одржи во 12 часот, на плоштадот „Скендербеу“ во Приштина, но тој е прекинат бидејќи, како што се вели, премиерот Албин Курти ветил дека следната недела на официјален средба ќе разговараат за изнаоѓање решение за нивните барања, пренесе Клан Косова.

Газета Експрес: Дали Вучиќ преку избори се обидува да го избегне дијалогот?

Распишувањето на избори во Србија, на Косово се гледа како опција за бегство на Вучиќ од неповолната ситуација во дијалогот.

На 26 октомври во Брисел тој одби каков било потпис за признавање на независноста на Косово, додека од оваа недела Вучиќ ќе се фокусира на изборната кампања во Србија, пренесува Газета Експрес.

Зѓоху: Босна не ги истражува тврдењата дека Радоичиќ набавил оружје од Тузла за терористичкиот напад во Бањска

Обвинителството на Босна и Херцеговина не покрена никаква истрага за тврдењата на Вишото јавно обвинителство во Белград дека Милан Радоичиќ, поранешен претседател на Српската листа на Косово, обезбедил оружје, муниција и експлозиви од Тузла – арсеналот што на 24 септември беше искористен во нападот врз косовската полиција во Бањска.

„Во Обвинителството на Босна и Херцеговина не добивме никаква пријава од полициските органи за можното кривично дело и сторителите; не добивме никакви информации од институциите на соседните земји, така што немаше наредба да се спроведе никаква истрага“, изјави за Радио Слободна Европа Борис Грубешиќ, портпарол на Обвинителството на Босна и Херцеговина, пренесе Зѓоху.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Предлог-закон за амнестија/ придобивка за  570 осуденици, исклучени убијците и субјектите на СПАК

Од амнестијата се очекува да имаат придобивка околу 570 осуденици, стои во предлог-законот што го предложи албанската  влада.

Согласно предлог-законот, престанува кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор од две години.

Според предлог-законот, ќелијата ќе ја напуштат мажите кои се осудени на казна затвор до три години и жените кои се осудени на затвор до четири години, за казни кои биле изречени пред јуни годинава.

Слобода си ја враќаат и мажите, на кои од денот на стапување во сила на законот им остануваат 3 години затвор. Истото и за жените, на кои им остануваат четири години затвор. Амнестијата ќе биде за жени над 50 години, мажи над 65 години и малолетници, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Сури: Српските митови за Косово и нивното искривување во албанскиот јавен наратив

Дури ни комунистичката идеологија не успеа да ја расплетка српската шовинистичка сплетка која е обвиткана околу 1389 година. Дури и пред 1980-тите, кога Милошевиќ го политизираше овој мит до крајност, во 1950-тите српската комунистичка влада подигна голем споменик на загубата на Косово, вели авторот Ардиан Мухај во колумната за разобличување на српските митови за Косово.

Длабоко политичкиот карактер на овој српски водач беше театрално откриен по повод 600-годишнината, каде што не може да се занемари заложбата на Српската православна црква да ги пренесе посмртните останки на Лазар низ сите „српски земји“ во Југославија. Теренска церемонија, каде што се тврди дека учествувале еден милион Срби, пишува Мухај меѓу другото во колумната Српските митови за Косово и нивното искривување во албанскиот јавен наратив, објавена во Сури нет.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ