• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Србија да го признае Косово, па потоа формирање Заедница; Борел повика на итни избори на северот; Албанија со најголем број баратели на азил во регионот

September 15, 2023
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Србија да го признае Косово, па потоа формирање Заедница; Борел повика на итни избори на северот; Албанија со најголем број баратели на азил во регионот

September 15, 2023 10:35
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната средба на косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Вучиќ во Брисел, на која посредник беше Жозеп Борел, не се постигна напредок во дијалогот. Курти бара признавање на Косово од страна на Србија, за веднаш потоа, без задршки, да почнат со реализирање на договорот во кој меѓу другото, се бара формирање Заедници со српско мнозинство. Жозеп Борел повика на итни избори на северот на Косово, за да се превенираат евентуални кризи.

Ова се само дел од денешниот избор на теми, од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Газета Експрес: Нема резултат во дијалогот, се што се случи вчера во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера во Брисел покажаа големи разлики во однос на патот кон спроведувањето на Основниот договор и нормализацијата на односите меѓу двете земји.

Посредникот на средбата, шефот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, го обвини Курт дека инсистирал на меѓусебно признавање, не прифаќајќи го неговиот предлог страните да почнат паралелно да ги спроведуваат барањата. Курти изјави дека условувањето на Србија со Заедницата на општини со српско мнозинство веќе е трансформирано во позиции на емисари Борел и Лајчак. Тој инсистира на признавање на Косово од страна на Србија, за веднаш потоа да се формираат Заедниците“, пренесе Газета Експрес.

Клан Косова – Борел повика на итни избори на северот: Не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме други кризи

Високиот претставник, Жозеп Борел, повика итно да се одржат избори во четирите северни општини.

„Денеска ги повикавме да преземат мерки на северот за ескалација на ситуацијата. Избори мора веднаш да има, не можеме да седиме и да чекаме други кризи, мора веднаш да има избори“, рече Борел“, пренесе Клан Косова.

Зери: Договор од 34 милиони долари денеска  потпишуваат Османи и УСАИД

„Претседателството на Косово соопшти дека во петок претседателот на Република Косово Вјоса Османи и УСАИД ќе го потпишат договорот за грант во износ од 34 милиони и 727 илјади долари.

Амандманот бр. 05 од договорот за грант за развојни цели ќе биде потпишан од претседателот Османи во име на Република Косово и од на директорот на УСАИД Кери Монаган Хоглер, во име на УСАИД“, се наведува во соопштението.“, пренесе Зери.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: Албанија со најголем број баратели на азил во регионот на ЕУ, за првите 6 месеци од 2023 година

„Албанија имала најголем број баратели на азил во ЕУ во првите 6 месеци од 2023 година, во споредба со земјите од Западен Балкан.

Податоците на Европската агенција за имиграција покажуваат дека 4779 баратели на азил од Албанија поднеле барање за азил во земјите на ЕУ (Велика Британија не е вклучена). Додека имало 3603 баратели на азил од Северна Македонија, 2570 од Србија, 851 од Босна и 179 од Црна Гора.

Трендот на барања за азил од Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко.“, пренесе Факс Веб.

Топ Чанел: Албанија го презема претседателството во Советот за безбедност, соработката со приватниот сектор е од витално значење

„Министерот за надворешни работи Игли Хасани говореше како претседавач на Отворената дебата во Советот за безбедност, каде што најави создавање на Хуманитарната алијанса на приватниот сектор, како координативно тело кое ќе служи како единствена влезна точка за приватниот сектор. вклучувајќи ги и ОН.“, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Вештачката интелигенција наспроти  дипломатијата

„Вештачката интелигенција длабоко ги револуционизира сите области и сектори на економијата и нашиот професионален, социјален и приватен живот и суштински ги превртува традиционалните размислувања и искуства кои нè придружуваат со векови.

Нејзиното субверзивно влијание ја „загрозува“ и дипломатијата. Иако, поради специфичностите што ги носи, претставува една од најконсолидираните, традиционални и конзервативни институции на постоењето на државата, не може да остане надвор од вртоглавата технолошка револуција што денес ја доживува целиот свет.“, пишува авторот Арбен Цици во колумната „Вештачката интелигенција наспроти  дипломатијата“, објавена во Телеграфи.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ