Честитки на ЦИВИЛ за 25 години јубилеј. Навистина е предизвик да се остане релевантен во граѓанското општество во целиот овој период. Најкратка дефиниција или карактеристика за ЦИВИЛ е англискиот збор disruptor (нарушувач), да ги меша работите односно да поставува и покрене прашања на повисоко и поинтензивно ниво за да се замислат луѓето дали и како одиме напред со почитувањето на правата на граѓаните. Во тоа ЦИВИЛ одигра значајна улога.
„Македонското општество е поконзервативно, што е светски феномен, и гледаме дека се уште не е на тој стадиум лесно да ги прифати либералните вредности и идеи. Гледаме дека има отпор од општеството за така брзи промени во таа насока. ЦИВИЛ би требало повеќе да се прилагоди до општеството, бидејќи доаѓа до контра-ефекти. Довербата во раѓанско општество опаѓа, и треба и ние и ЦИВИЛ да се запрашаме зошто е тоа така, можеби затоа што буткаме некои работи побрзо отколку што општеството е подготвено да ги прифати“, вели тој.
Тој истакна дека ЦИВИЛ е единствената организација која заслужено доби 5 пати гранд од програмата на ЦИВИКА Мобилитас.
Кржаловски порачува во наредните 25 години, ЦИВИЛ да биде гласен критичар и на едните и на другите, бидејќи политичарите не се безгрешни, и кога прават грешки треба да им се укаже, без разлика дали ни се поблиски во ставовите или во делувањето.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети