Тој што се фали дека излегол од пушка, може да заврши од „бомбите“ што ги нарекува „шала“ и „утринска слана“.
Најадекватен опис на 17 годишниот пат на ДУИ е тој, што произлезе од „пушка“ и со „шала“ и „утринска слана“, стигна до „бомбите“.
И ова Албанија падна „утринска слана“.
Зошто Али Ахмети, 17 години со ред, не направи ниту еден „службен разговор“, таму каде што треба и каде што се плаќа – во Собранието на Република Северна Македонија.
*
„Во текот на заедничката власт со господинот Груевски, сме направиле многу добри работи“, рече своевремено Али Ахмети.
Всушност, единствено успешно се изгласа амнестијата за Хашките случаи, се произведоа „бомби“. Додека другите барања на Албанците беа оставени за подоцна.
За реализација на некои од нив треба да му благодариме на Заев и на Албанците што гласаа за него и му овозможија да добие 49 пратеници. Инаку, работите ќе се одвиваа во сосема поинаков правец и ниту странците не ќе можеа да го одвојат Ахмети од ВМРО.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.