Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил објави дека денеска имал средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами, откако претходно двајцата имале телефонски разговор.
„Со Касами го поздравивме завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ја прифативме позитивната оценка на меѓународната заедница, а особено ОБСЕ. За време на конструктивниот состанок, се согласивме да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отвоврен и постојан дијалог“, напиша Ахмети.
Ахмети додаде дека се надева дека во наредните денови ќе одржи работни средби со лидерите на албанските опозициски партии.