• Latest

Ало? Претплатникот не е достапен, јавете се во МВР… Тииит!

August 15, 2018
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ало? Претплатникот не е достапен, јавете се во МВР… Тииит!

August 15, 2018 11:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Евтина забава со мазохистички примеси, лош театар, типична балканска аљкавост… Сето тоа и многу повеќе може да биде описот за Државната изборна комисија, особено кога се работи за Избирачкиот список. За лакомоста и злоупотребите си постојат други  описи. Добро би било кога описот би останал некаде во тие рамки, значи, не е добро, но како за Балкан, може да помине – добра стара фаталистичка позиција.

Пишува: Џабир Дерала

Но, освен што (може да) служи за подбив и забава, Избирачкиот список е алатка за кршење на човековите права, на фундаменталното човеково право на глас. Неприфатливи се оправдувањата за неефикасност на институциите, се разбира другите, додека ДИК е „безгрешен“.

Нема што нема во Избирачкиот список, а има и што нема. Фантоми се селат од една на друга адреса, исчезнуваат, па се враќаат, починати лица кои понекогаш и гласаат, семејства одвоени во различни избирачки места, двојни адреси, гласачи што цел живот живеат на една адреса што одеднаш ги снемува… Незамисливо! Со години го вергламе истото, но никој сериозно не се зафаќа. Па толку малку гласачи, па нека се и навистина над 1,8 милиони, рачно ќе се преброеја до сега, а не, пак, со скапи софтвери од десетици илјади евра (само последниот беше 70.000 евра), стотици вработени, високи плати и бонуси, да не зборуваме за злоупотребите, бидејќи дури тогаш ќе нѐ фати вртоглавица.

Што прави новиот ДИК со старите болести на Избирачкиот список? Исто што и стариот. Колку тоа исто е ништо, ќе се види на денот на референдумот, а тогаш ќе биде доцна. ДИК од гласачите бата, ако им се населил фантом на адресата, тоа да го пријават во ДИК. Зошто? За таму да ви кажат дека ДИК не е надлежен за тоа и дека треба да одите во МВР. Во МВР често велат дека треба да се обратите повторно во ДИК и дека таму, во нивната евиденција сѐ е в ред. Или да покренете управна постапка што може да чини пари, време и нерви. Без гаранција дека било што ќе решите од проблемите што, всушност, се работа на системот, а не на гласачите.

Доаѓаат сметки на име на фантомите, тропа полиција на вратите на луѓето во потрага по лица што не живеат таму, ама ги има во разни евиденции… Со политички договори се бришат, а потоа по сила на некои закони и закончиња, правила и процедури, се враќаат истите непоканети „гости“.

Ете, сето тоа треба да го регулираат самите граѓанки и граѓани, да бидат пинг-понг топче меѓу шалтери. Еден мој колега, заедно со неговата сопруга, беа ставени на листа на спорни гласачи, затоа што пријавиле фантоми на својата адреса. Тие сѐ уште се тука. Еден мој пријател ми кажа дека сѐ уште го гледа својот починат син на Списокот кога оди да гласа. „Починат е веќе 15 години“ – вели. Не е единствениот. А луѓе, реални, со валидни документи, со постојани адреси, ги има, па ги снемува од Избирачкиот список. Или се селат од едно до друго избирачко место. Или, ако живеете на булевар АСНОМ, што порано беше булевар АВНОЈ, може да се заплеткате во нов лавиринт. Особено затоа што има и улица АСНОМ во истата општина…

Хистеријата не менување на имиња и називи што ги држеше груевци со години, го направи своето. Но, институциите имаа речиси две години да се обидат да ги исправат тие грешки. Нема оправдување во тоа дека партиските војници во институциите спроведуваат „бел штрајк“ и „саботираат“. Уште за тоа ли да се грижиме?

Да се вратиме на Избирачкиот список. И покрај сите огромни пари од граѓанките и граѓаните, со големите плати што си ги делат малкумина, додека повеќето се со ниски примања, со сите услови, софтвери и хардвери, ДИК можеби и може да каже дека очекува пријави од граѓанките и граѓаните. Малку е срамота, но да кажеме дека ќе го прифатиме и тоа. Но, откако ќе се јави човек таму, зошто само не му земаат податоци и сами не ја бркаат работата? Зошто самите не одат во МВР и матичните служби и таму не ги исправат грешките што самите ги направиле? Зошто мора да им се пријави нешто на што реагираат со: „Јавете се во МВР!“

Ако случајно некој во ДИК и реши да ја преземе целата процедура, а не да ги тера луѓето сами да ја вршат нивната работа, да се надеваме дека нема да отворат ново одделение во кое ќе вработат „неопходни“ дваесет-триесет или повеќе службеници „без партиски врски“.

Граѓанките и граѓаните на оваа земја плаќаат за функционирање на ДИК и нема зошто тие да знаат дека МВР не им доставува податоци, ако воопшто е точно тоа. Проблем има, мора да се реши. Имаат закони, имаат процедури, имаат пари и персонал тоа да го одработат чесно. Ако некој закон или процедура не чини, има Влада и Парламент, се менува за да му помогне на системот и се тера еден живот. Системот постои сам за себе во некоја имагинарна сфера, а вистинскиот живот ни го регулираат политичките партии во бескрајни преговори и пазарења за тесни интереси.

Додека сево ова се случува, новиот ДИК, на само неколку недели од референдумот, има безброј нерешени проблеми, а наспроти тоа што го читаме од записниците, од внатре се слушаат „свиркања“ дека ќе се оди во шопинг (софтверски надградби, опрема)… Не знаеме ни тоа дали претходните ДИК-овци ги вратија дваесетте мобилни што ги набавија за фантастични 17.657 евра за само 11 месеци.

Ало? Претплатникот не е достапен, јавете се во МВР… Тииит!

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 16 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

 

Tags: ДИКзлоупотребиизбирачки списокправо на глас
Share96Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ