• Latest

Алтхаузер: Граѓаните имаат лимитирано знаење за своите гласачки права!

February 3, 2017
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Алтхаузер: Граѓаните имаат лимитирано знаење за своите гласачки права!

February 3, 2017 14:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На промоцијата на публикацијата на ЦИВИЛ -Центар за слобода, во преполнетата сала на хотелот „Парк Резиденс“, Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер, aмбасадорка на Сојузна Република Германија, одржа воведен говор во кој ја поздрави успешната соработка со ЦИВИЛ и напорите на целиот тим кој беше вклучен во подготовката на обемната публикација.

„Многу сум љубопитна да прочитам повеќе за наодите на ЦИВИЛ за мониторирањето на изборниот процес. Од работата на ЦИВИЛ јасно е дека постои страв и несигурност меѓу гласачите“, истакна амбасадорката Алтхаузер.

 

„Ви благодарам за вашата покана и за можноста да се обратам во врска со затварањето на проектот кој што беше, исто така, помогнат од страна на германската Влада. Морам да признам дека сум многу љубопитна да чујам малку повеќе за наодите од вашето долгорочно мониторирање на политичкиот процес и на предвремените парламентари избори коишто се одржаа минатиот декември. Целите коишто ги одредивте во оваа проверка, беа многу тешки, знам дека вие моравте да надгледувате избори, да ги проверите извештаите, базирајќи се врз објективност…

ЦИВИЛ, инаку, вети дека ќе даде сосем објективно известување и анализирање на препораките, како и да открие информации во контекст на политичките партии, државните институции и локалните авторитети, медиумите и сите останати кои беа вклучени во процесот. По предвремените избори во 2014 година, кога видовме нефункционирање на изборниот систем, откривме дека се потребни измени. Со овој извештај, не само што успеавте да пренесете пораки за злоупотреба за време на изборите, како и нерегуларности коишто понатаму беа потврдени, туку, пред сé, ни стана јасно дека постои страв и несигурност меѓу гласачите во врска со нивната вклученост во изборите. Со поранешното ограничено знаење за можностите и опциите за гласање, повеќето од политичките партии, и покрај интензивното мониторирање на изборите, беа вклучени во информирање на граѓаните.

Ова е веќе трет проект на ЦИВИЛ кој е потпомогнат од германската Влада, а кој имаше за цел слободни избори за граѓаните на Македонија. Вие веќе помогнавте од различни аспекти на изборните процеси и на јавната свесност за изборите и правата на избирачите. Особено ми се допадна тоа што користевте и други алатки, како Интернет, како би пренеле пораки за вклучување на граѓаните во самиот изборен процес. За мене е особено важно што секое евро коешто е потрошено, беше вредно!

Би се заблагодарила на ЦИВИЛ, за вашата работа и за тоа што сте едно искрено семејство, тоа е една многу убава работа. Вклученоста на граѓаните во општеството развива здрава основа за општеството и за државата. Едно живо општество е повеќе од потребно за една здрава држава. Битно е вие да продолжите да ги поддржувате невладините организации кои работат во име на оние кои што ја даваат моќта на политичарите, во овој случај тоа е македонскиот народ.

Би заклучила со тоа дека Германија  е овде како пријател на македонскиот народ, на патот кон интеграцијата во Европската унија и пристапот кон НАТО. Политичката ситуација во Македонија е сé уште тешка, а политичката волја е секогаш еден предуслов за еден политички напредок. Во овој контекст, очекуваме отвореност на политичките партии, како и на претседателот Иванов, за да ги приближи партиите. Од една страна, ви благодарам вам, на ЦИВИЛ, за вашата соработка, и уште еднаш потенцирам дека ќе продолжиме да го помагаме процесот на реформи, коишто ќе ги подобрат демократските услови во државата“, изјави германската амбасадорка.

 

Tags: Германска амбасадаизбори 2016Кристине АлтхаузерпромоцијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ