Вечерва, на Седница на Централниот совет, во партиското седиште во Тетово, членовите на Алтернатива со апсолутно мнозинство гласови одлучија за влез во Владат и да станат дел од новото парламентарно мнозинство, информираше портпаролот на Алтернативана, Орхан Муртеани на прес конференцијата веднаш по завршување на седницата.
Седницата започна со едноминутно молчење за жртвите на автобуската несреќа во Бугарија.
За повеќе детали, Муртезани упати на утрешната средба во Клубот на пратеници, каде ќе биде потпишан договор за ново парламентарно мнозинство