• Latest
Ziko #noAfD van Dijk, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Алтернатива за Германија меѓу изборните победи и барањата за забрана

October 2, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Алтернатива за Германија меѓу изборните победи и барањата за забрана

Избор од вестите и анализите за АфД објавени во Дојче Веле

October 2, 2024 08:29
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, СВЕТ, ТОП 5
Ziko #noAfD van Dijk, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Ziko #noAfD van Dijk, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

За прв пат од 1945 година, една десничарска партија освои најмногу гласови на изборите за покраинскиот парламент: Алтернатива за Германија (АфД). На 1 септември 2024 година таа постигна рекорден резултат освојувајќи 32,8 отсто од гласовите, пишува Дојче Веле.

Правни експерти, политиколози, синдикати, деловни здруженија и цркви предупредуваа за последиците од победата на АфД на изборите, бидејќи највисоките функционери на таа партија ги омаловажуваа демократските институции. Политичките противници беа нарекувани „картел – партии“, а германската демократија беше клеветена како нова диктатура. АфД го гледа независното судство како оружје на политичкиот противник.

Највисоките функционери на таа партија постојано флертуваат со злосторничкиот режим на нацистите. Водечки член на партијата, на пример, позира со рака на срцето пред бункерот на Хитлер. Еден од водечките кандидати ги релативизира злосторствата на СС. Еден пратеник во Бундестагот се нарекува себеси „пријателското лице на националсоцијализмот“. Еден функционер испраќа слики со Хитлер. Во своите предизборни говори, претседателот на АфД во Тирингија, Бјерн Хеке, го користи слоганот на криминалната Штурмабтајлунг (Sturmabteilung, SA) на Адолф Хитлер: „Сите за Германија!“. Поради ова германскиот суд два пати го осуди на високи парични казни.

Бјерн Хеке е еден од најмоќните манипулатори во неговата партија. Неговата АфД сака да ја промени не само Тирингија, туку и цела Германија. Тој се бори за масовна депортација на мигрантите и си поставува цел да ги уништи конкурентските партии. Затоа фокусот на цела Германија сега е на Тирингија.

По низа антидемократски и крајно провокативни постапки на АфД, сѐ погласни се повиците во Германија за забрана на оваа партија.

Дојче Веле објави дека Георг Мајер, пратеник и вршител на должноста министер за внатрешни работи, се огласи на денот на скандалот на интернет платформата Х и побара постапка за забрана на АфД пред Сојузниот уставен суд: Денешните настани во парламентот на Тирингија покажаа дека АфД презема агресивно борбени дејствија против парламентаризмот. Мислам дека со тоа се исполнети условите за поведување постапка за забрана”.

Во германскиот Устав, во членот 21 се вели: „Партиите кои врз основа на своите цели или однесувањето на нивните поддржувачи имаат за цел да го нарушат или елиминираат слободниот демократски основен поредок или да го загрозат постоењето на Сојузна Република Германија се неуставни.“

Во своите медиумски прилози и анализи Дојче Веле детално ги анализира сите аспекти на дејствувањето на АфД, како и сите гласови за и против забраната на оваа крајно десничарска партија.

Извор: Дојче Веле (Deutsche Welle)

Tags: Алтернатива за ГерманијаАФДДојче ВелезабранаизбориТирингија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ