Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир се огласи на социјалната мрежа Х на 879 ден од целосната руска агресија врз Украина, по повод секојдневното руско бомбардирање на цивилното население во Украина побара зајакната испорака на оружје со долг дострел за украинските бранители.
879. режимот на кремљ продолжува да го напаѓа цивилното население на Украина со ракети и дронови. Денес, Кијивската, Харкивската, Сумската, Миколајивската, Полтавската, Одеската и Чернигивската област се повторно под напад.
Храброста на Украинците мора да се зајакне со оружје со долг дострел,напиша Дир.
879. режимот на кремљ продолжува да го напаѓа цивилното население на 🇺🇦 со ракети и дронови. Денес, Кијивската, Харкивската, Сумската, Миколајивската, Полтавската, Одеската и Чернигивската област се повторно под напад.
Храброста на 🇺🇦 мора да се зајакне со оружје со долг дострел. pic.twitter.com/BFwSx186vE— Larysa Dir (@dir_larysa) July 21, 2024
И украинскиот претседател Володимир Зеленскиистакна дека на Украина и требаат капацитети за да може да го гаѓа непријателот каде и да се сместени нивните воени авиони – на воените аеродроми.
„Русија треба да се плаши да не нападне со овие авиони“, рече претседателот.
Според Зеленски, Русија фрла 3.500 воздушни бомби врз цивилното население на Украина секој месец, така што непријателските бомбардери мора да бидат уништени во нивните бази, пренесува Укринформ.
.„Тие користат 3.500 воздушни бомби секој месец против цивили. Никогаш нема да имаме ист број на проектили. Тоа би било многу скапо. И никој во светот не може да произведува толкав број проектили за воздушна одбрана секој месец“, кажа тој .
Зеленски уште еднаш истакна дека чека позитивна одлука за да и се дозволи на Украина да користи оружје со поголем дострел, испорачано од партнерите, против цели длабоко во Русија.
Како што е соопштено, во јули Украина очекува да ја зајакне својата воздушна одбрана.
Драган Мишев