• Latest
Фото: Собрание на РСМ

Амбасадорката Дир и се заблагодари на пратеничката Василева за поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресијаа

June 19, 2025
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир и се заблагодари на пратеничката Василева за поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресијаа

June 19, 2025 10:54
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х објави дека на 1212 ден од руската виојна во Украина, остварила средба со претседателката на Собраниската група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска, при што се заблагодари на поддршката од Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

Ден 1212.Благодарност до Иванка Василевска,претседателка на Групата @SobranieRSM за пријателство🇲🇰со🇺🇦,за поддршката на🇺🇦
Разговор за агресија на рф против🇺🇦,геополитичката ситуација и патот на🇺🇦и🇲🇰кон ЕУ
Ја цениме поддршката од🇲🇰за територијалниот интегритет и суверенитетот на🇺🇦 pic.twitter.com/TnwBTnsijG

— Larysa Dir (@dir_larysa) June 19, 2025

Ден 1212. Благодарност до Иванка Василевска, претседателка на собраниската Група за пријателство на Северна Македонија со Украина, за поддршката на Украина. Разговор за агресија на рф против Украина, геополитичката ситуација и патот на Украина и Северна Македонија кон ЕУ. Ја цениме поддршката од Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина, напиша амбасадорката Дир на Х.

Од Собранието на својата веб страна исто така издадоа соопштение по повод средбата помеѓу претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска со украинската амбасадорка Лариса Дир, на која беа разменети мислења за најновиот развојот на ситуацијата во однос на руската агресија и геополитичките поместувања кои се рефлектираат и на конфликтот.

Василеска ја повтори поддршката во однос на  терторијалниот интегритет на Украина, по што се разговараше и за можностите за нејзина институционална реафирмација, во контекст на последните  воздушни напади врз Украина, наспроти напорите за постигнување прекин на огнот.

Амбасадорката Дир, и во оваа прилика, изрази искрена благодарност . Таза поддршката што Република Северна Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресијаа се заблагодари и за учеството на нашата земја на неодамнешниот Самит Украина – Југоисточна Европа во Одеса, како и за формирањето на Меѓупартиската парламентарна група во Собранието на РСМ за поддршка на меѓународната Кримска платформа. Сите овие чекори и активности, како што беше речено, се од исклучително значење за украинскиот народ, кој ја брани својата независност.

Соговорничките Василевска и Дир разговараа и за  евроинтеграциските процеси, во контекст на потребата од забрзување на проширувањето – во светло на геополитичките промени.

Д. Мишев 

Tags: Иванка ВасилеваПратеничката група за соработка со Парламентот на Украинаукраинската амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ