• Latest
Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин; Извор на фотографија: Амбасада на Шведска во Северна Македонија

Амбасадорката на Шведска: Земјава ризикува да го изгуби сегашниот силен моментум за проширување, доколку преговорите не започнат навреме

June 18, 2023
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

May 19, 2026
Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

May 19, 2026
Vladimir Putin/Xi Jinping
Source - Wikipedia

Кина меѓу Вашингтон и Кремљ: Путин пристигна во Пекинг по средбата Трамп–Си

May 19, 2026

Гордо – назад и надолу

May 19, 2026

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фото: Скриншот од видео на CNBC

    Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

    Vladimir Putin/Xi Jinping
Source - Wikipedia

    Кина меѓу Вашингтон и Кремљ: Путин пристигна во Пекинг по средбата Трамп–Си

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Амбасадорката на Шведска: Земјава ризикува да го изгуби сегашниот силен моментум за проширување, доколку преговорите не започнат навреме

June 18, 2023 13:13
in ВЕСТИ
Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин; Извор на фотографија: Амбасада на Шведска во Северна Македонија

Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин; Извор на фотографија: Амбасада на Шведска во Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, во интервју за Порталб.мк зборува за последните случувања во земјата, за уставните измени на евроинтегративниот пат на земјата, реформите во правдата и застапеноста на жените во политиката. Амбасадорката вели дека е охрабрувачки да се види дека почнал дијалогот меѓу власта и опозицијата за уставните измени. Исто така, појаснува дека вистинскиот напредок кон членството во ЕУ ќе бара исто толку реално – и одржливо – подобрување кога станува збор за владеењето на правото. Но, вели таа, измените во законите не се доволни, мора да се види имплементацијата и извршувањето на законите. Амбасадорката истакна дека 2030 година за влез во ЕУ е амбициозна цел и  постигнувањето ќе зависи од темпото на реформите во Северна Македонија во повеќе области, не помалку во делот на владеењето на правото, пренесува Мета.мк.

Како ги коментирате последните политички случувања во врска со уставните измени во Северна Македонија? Поточно, делувањето на опозицијата каде тие се спротивставуваат на овие промени од една страна, и постапките на власта од друга страна?

Одлуката за измена на Уставот е суверена, така што не е мое да коментирам што треба да прави македонскиот политички врв.

Она што можам да го кажам е дека и мојата земја и другите земји-членки на ЕУ беа јасни во однос на тоа дека ние веруваме дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ. Оваа порака беше јасно изразена од страна на шефовите на влади на ЕУ на самитот во Тирана минатата година.

Ќе додадам дека во моментов има силен моментум за проширување, поради геополитичката реалност во која се наоѓаме. Кога го имаш, трчаш со него.

Проширувањето навистина е приоритет за ЕУ и за шведското претседателство со Советот на ЕУ. Сакаме да видиме напредок на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Затоа е охрабрувачки да се види дека е започнат дијалог меѓу Владата и опозицијата за уставните измени.

Европската унија инвестираше милиони евра за да имаме независен судски систем, поради недостигот на негова независност што со години е горлив проблем во Северна Македонија. Сите извештаи за напредокот на ЕУ беа гласни за ова прашање. Значи, кажете ни зошто мислите дека нема напредок на ова поле?

Мислам дека Македонците ќе треба да одговорат на ова прашање, а не јас. Сепак, можам да кажам дека вистинскиот напредок кон членството во ЕУ ќе бара подеднакво реални – и трајни – подобрувања кога станува збор за владеењето на правото. ЕУ многу внимателно ги следи случувањата на ова поле.

Реформите на ова поле ќе имаат корист за граѓаните, не од денот на влегувањето на земјата во ЕУ, туку од денот на нивното спроведување. Така, овој трансформативен процес ќе бара напорна работа и заеднички напори од многу различни актери, но исто така ќе донесе рана добивка за граѓаните.

Зошто ништо не може да помогне во борбата против корупцијата? Дали мислите дека она што е направено досега на ова поле е само за декларативни цели и всушност ништо суштински не се променило? (сме виделе многу случаи на министри да ја злоупотребуваат својата моќ, влијание, службени автомобили, случаи на непотизам…и слични примери).

Точно е дека ЕУ – и другите меѓународни партнери – инвестираа многу големи суми во реформската поддршка на Северна Македонија, не само во областа на владеењето на правото. Сите знаеме дека корупцијата е штетна за развојот на земјата, а исто така е дел од она што ги тера многу млади луѓе да изберат да ја градат својата иднина на друго место. Ова е нешто што земјата не може да си го дозволи. Императивот за создавање промени треба да биде силен – а промената е исто така предуслов за Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Но, измените на законите не се доволни, треба да видиме имплементација – и спроведување на законите. Добрата вест е дека има многу луѓе кои активно се обидуваат да ја подобрат одговорноста. Преку нашата програма за реформска соработка, ние, на пример, финансираме вешто истражувачко новинарство.

Што губиме (како земја) ако не ги започнеме преговорите навреме, во ноември? Од друга страна, нашите политичари гласно велат дека на Северна Македонија ќе и бидат потребни само 7 години да го добие своето членство во ЕУ. Дали сте оптимисти за овие временски рамки и рокови?

Ризикот е Северна Македонија да изгуби значително време – и да го пропушти моменталниот силен моментум за проширување.

На крајот на краиштата, се работи за членство во ЕУ. Пред да се приклучи Шведска на Унијата, многу Швеѓани, исто така, имаа загриженост за тоа што тоа би значело за нашето самоопределување, или некои културни специфичности кои силно ги чувствуваа Швеѓаните. Во исто време, јасно се препознаваше дека Шведска припаѓа на ЕУ со нашите тесно поврзани партнери, со кои споделувавме вредности, интереси и заеднички пазар. Тоа не беше лесна дебата и тензиите беа високи. На крајот, населението беше поделено на речиси 50-50 за и против членството.

Денес, поддршката за членството на Шведска во ЕУ е многу силна, таа е околу 68 проценти. Стана дел од нашиот идентитет, ние сме членки на ЕУ колку што сме и Швеѓани. Како мала економија зависна од извоз и увоз, добивме огромна корист од внатрешниот пазар. Можеме да работиме и да студираме во други земји на ЕУ и да вратиме богато искуство и знаење во Шведска.

Имаме и силни сојузници во обединетиот фронт на ЕУ соочени со насилен конфликт на нашиот континент и заедно ја преземаме водечката улога во зелената транзиција,за ЕУ да остане на чело на иновациите и конкурентноста во светот.

2030 година е амбициозна цел, а нејзиното достигнување ќе зависи од темпото на реформи во Северна Македонија во повеќе области, не само во областа на владеењето на правото. Оваа трансформативна промена ќе биде тешка, но ние ќе бидеме тука да ве поддржуваме во текот на целиот процес.

Голем број вработени во институциите на ЕУ и во земјите-членки работат на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Ова покажува дека ЕУ, исто така, инвестира многу во процесот и ќе се погрижи тој да биде кредибилен и ригорозен.

Застапеноста на жените во политиката и одлучувањето во Северна Македонија е ниска, што и каде треба да работи земјата на овој план, според вас, кои би биле најдобрите практики за подобрување на овој проблем?

Би сакала да одговорам на ова прашање со тоа што ќе ви кажам за шведските искуства на ова поле.

Политиките за родова еднаквост беа клучен фактор во трансформирањето на мојата земја во модерно, прогресивно општество кое им дава на жените и мажите, девојчињата и момчињата исти можности да го исполнат целосно својот потенцијал. Тоа е прашање на човекови права, но дополнително силниот акцент на родовата еднаквост ја зајакна и нашата економија. Жените можат да имаат исполнет професионален живот и да придонесат за економскиот развој на земјата.

За нас беше важна почетна точка дека за да се создаде општество кое ги задоволува потребите на целото население, целото население мора да биде застапено во демократските процеси на одлучување. На овој начин, сечии перспективи и искуства може да се земат предвид и да се донесат најдобри можни одлуки. Мислам дека ова зборува само за себе – има сосема логично дека би сакале да го искористите целиот фонд на таленти во општеството, а не само половината.

Жените политичари често се напаѓани на социјалните мрежи, а понекогаш и во реалниот живот. Некои од реториката и постапките на кои се подложени се едноставно ужасни. Една од моите први средби во Скопје беше со политичарки од Северна Македонија и регионот, и тие споделија колку често агресивно ги третираат заради работата што ја работат во политиката. Ова не е проблем само во Северна Македонија, а механизмите за справување со насилството врз жените во политиката, мрежите за поддршка и активностите за менторство за младите жени во политиката можат да бидат корисни алатки.

Интервјуираше: Фисник Џелили

Tags: „Порталб“Амбасада на ШведскаАми Ларсон ЏеинЕУинтервјупочеток на преговоритеуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ