Претсавата „Јами Дистрикт“, во режија на Кокан Младеновиќ е добитник на Гранд При наградата за најдобра претстава во целина на 11 Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“.
„Претставата „Јами дистрикт“ е заокружен проект во кој јасно се гледа соработката на целата авторска екипа. Занимавајќи се со проблемот на идентитетот во современите општества, особено на Балканот, таа отвора прашања кои вечно остануваат неодговорени. Направена во форма на лажен документарец, проектот јасно покажува дека е производ на темелна анализа и фокусирана работа на сите учесници, чиј краен резултат е претстава во целина која не` наведува постојано да се преиспитуваме, но и која длаболко емотивно не` допира“, стои во образложението на жири комисијата.
Проектот „Јами Дистрикт“ ја освои и наградата за најдобра режија која ја доби режисерот Кокан Младеновиќ, како и наградата за најдобро актерско остварување е доделена на актерката Нина Нешковиќ.
Жири комисијата, одлучи да додели и награда за оригинален концепт на проектот „Арктик“, во продукција на шпанскиот независен театар „Понтен Пие“.
11 издание на ИТФ „Лица без маски“, беше затворен со спектакуларната изведба на претставата „Ла Ла Ла“, во режија на Саша Евтимова. Од 12 до 16 април, во официјалната програма беа прикажани седум театарски претстави од Македонија, Грција, Шпанија, Србија и Косово.
Б.Ј.