• Latest

Амнести за Северна Македонија: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата

April 7, 2021
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Амнести за Северна Македонија: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата

April 7, 2021 12:38
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Годишниот извештај на Амнести Интернешнл за состојбата со човековите права во 2020 забележува влошување речиси секаде во светот, во Северна Македонија се посебно погодени жените, припадниците на ромската заедница и други маргинализирани групи како ЛГБТИ.

-И покрај спроведувањето на реформите што ги бара Европската Комисија, ситуацијата останува загрижувачка ситуација во повеќе области: неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата кон жените и Ромите како и кон ЛГБТИ лицата. Оваа година повторно бегалци и мигранти беа нелегално задржувани и протерани на сила, алармира Амнести Интернешнл во делот за Северна Македонија.

Извештајот потсетува која е состојбата откако во земјата беше прогласена вонредна состојба лани од средина на март до изборите во јули, како и полицискиот час, но оцени дека забраната за верски собири беше применета на селективен начин.

Амнести истакнува дека Северна Македонија го скрати буџетот за невладиниот сектор за 525 илјади евра, со што ја загрози способноста на овие организации да обезбедат есенцијални услуги во услови на криза. Што се однесува до судството, организацијата е критична кон фактот што судовите не работеле минимално, а нема напредок во судските процедури поврзани за прекршување на рестрикциите за Ковид-19.

Дискриминацијата базирана на етничката, верската, родовата припадност и сексуалната ориентација не само што останува проблем во Северна Македонија, туку и се влошила со пандемијата.

-Припадниците на албанската заедница беа често мета на говор на омраза и дезинформација на социјалните мрежи, нагласува Амнести Интернешнл, повикувајќи се на податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој констатирал зголемување од 80 отсто на исламофобичниот говор на омраза пред изборите во јули, поднесени се пет тужби во текот на тој месец за поттикнување омраза.

Ромите се исто така силно погодени од дискриминација во земјата, посебно во делот на пристапот до финансиска помош за време на пандемијата, најранливите лица можеле да сметаат пред сѐ на невладините организации и некои локални власти за хуманитарни пакети. Се потсетува и на случајот со деветте ромски музичари кои на враќање од турнеја во Италија биле однесени во касарна за карантин, додека другите двесте лица кои патувале со нив добиле дозвола за домашен карантин.

Жените и натаму остануваат ранлива категорија во Северна Македонија посебно на работното место за време на пандемијата.

-Одговорните не преземаа мерки за да им помогнат на родителите кои работат да се справат со последиците од пандемијата. Жените беа посебно погодени, а на некои им беше нелегално задржан дел од платата кога отсуствуваа од работа.

Амнести се осврнува и на текстилната индустрија каде жените се соочиле со закани за бркање од работа, закани дека нема да им се обнови договорот за работа, и текстилни работнички присилени да одат на работа за викенд во Штип за време на полицискиот час.

Владата на Северна Македонија не ги имплементирала целосно ниту препораките за заштита на жените и децата жртви на насилство.

Лицата припадници на ЛГБТИ заедницата се исто така споменати во извештајот. Иако законот за заштита од дискриминација е вратен на сила во октомври, Амнести оценува дека не е гарантирана независноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Се потсетува и на нападот врз претседателот на ЛГБТ организацијата во Тетово во август.

Жените Ромки се двојно погодени од дискриминација во државата и се посветува посебно внимание на случајот на жена Ромка која починала на крајот на бременоста за време на операција на отстранување на нејзиниот фетус, кој исто така починал. Неа претходно два пати и бил забранет пристап до болницата во Охрид и покрај болките и температурата, а кога конечно била однесена во болница во Скопје, чекала шест часа пред да ги добие резултатите од корона вирус.

Шест други жени со ромско потекло биле нелегално избркани од својот дом во Скопје во 2016 додека биле бремени, Обединетите нации бараат од Северна Македонија да им исплати отштета на овие жени, што сѐ уште не е сторено, потсетува Амнести.

Се критикува фактот што државните центри за сексуално и репродуктивно здравје не можеле да ги понудат вообичаените услуги за време на пандемијата, а случаите со жените во тешки ситуации ги преземала невладината ХЕРА.

Конечно Северна Македонија потфрлила и во делот на правата на бегалците и мигрантите, смета организацијата за човекови права.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ