Американските разузнавачки агенции навремено ја предупредија Русија за планирање на голем терористички напад во Санкт Петербург, што и овозможи на Москва да спречи напад во кој можеле да загинат „голем број луѓе“, соопшти Белата куќа.
„Рускиот претседател Владимир Путин го побара претседателот Доналд Трамп да му се заблагодари за навременото предупредување кое американските разузнавачки служби и го пренеле на Русија, а кое се однесува на планирање на голем терористички напад во Санкт Петербург“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Белата куќа се огласи откако Кремљ соопшти дека рускиот претседател во телефонски разговор му се заблагодари на Трамп за информацијата која помогнала за апсење на терористи кои планирале да извршат бомбашки напади во Казањската катедрала во Санкт Петербург и други места каде што се собираат многу луѓе во вториот по големина град во Русија.
Според Кремљ, Путин го уверил претседателот на САД дека „руските безбедносни служби, доколку добијат информации за можни терористички закани кон САД и нивните граѓани, брзо и без условување ќе го споделат тоа со американските колеги преку партнерски канали“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.