Categories

ОПЕРА „Ана Болена“ ќе биде прикажана во Националната опера и балет

По повод одбележување на 150-годишнината од основањето на Виенската државна опера, на 20 мај, на платото на Нациолната опера и балет со видео на отворено ќе биде прикажана „Ана Болена“ од Доницети, со почеток од 20 и 30 часот.

Диригент е Евелино Пидо, а режија на Ерик Џеновезе.

Гаетано Доницети со премиерната изведба на Aнa Болена во 1830 година во Милано постигна  триумф од невидени размери. Делото, кое е препознатливо по изобилството мелодии и привлечна музичка драматика, успеа во краток временски период да биде вклучено на репертоарот на безброј оперски куќи, ширум светот. Има причина зошто главните улоги  – англиската кралица Ана Болена која паѓа во немилост на својот сопруг, нејзината дворска дама и нова љубовница на кралот  Џејн Симор, Хенри VIII и лордот Перси до ден денес се на листата најпосакувани улоги на многу врвни оперски пејачи.  Во април 2011 година, оваа како една од водечките белканто опери беше за прв пат  изведена во Виенската државна опера.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email