• Latest
Шесте државни универзитети во Северна Македонија / илустрација: Мета.мк

АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?

September 29, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?

September 29, 2024 12:27
in ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Шесте државни универзитети во Северна Македонија / илустрација: Мета.мк

Шесте државни универзитети во Северна Македонија / илустрација: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје од оваа академска година се соочуваат со зголемени дополнителни давачки покрај партиципацијата, односно школарината за студирање. Па така, од овој зимски семестар, во насоките за упис, студентите забележале нови трошоци кои треба да ги уплатат на сметката на факултетите. Зголемувањето на сумите некаде се движи и до 1.500 денари повеќе од она што се плаќало до минатата академска година.

Покачување на давачките има речиси на сите факултети во рамки на УКИМ, што поттикна повеќе или помалку гласни реакции.

И додека дел од студентите изразуваат незадоволство и загриженост, Мета.мк направи поширока споредба на тоа колкави трошоци имаат студентите на шесте државни универзитети во Северна Македонија.

Споредени се дополнителните трошоци покрај партиципацијата за студирање, која за редовните студенти во државна квота изнесува 200 евра годишно, а за редовните студенти со кофинансирање и за вонредните студенти изнесува 400 евра годишно.

Анализата покажува дека давачките кон некои универзитети се повисоки од оние на УКИМ, додека други наплаќаат многу помалку.

Информациите за трошоците се собрани од официјални соопштенија на високообразовните установи, достапни онлајн, но и преку одговорите на новинарските прашања што ги упативме до раководствата на универзитетите, како и од разговори со студенти на различни факултети.

Од шесте државни универзитети, единствено Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје не одговори на прашањата на Мета.мк за тоа колкави трошоци плаќаат студентите кои го запишуваат зимскиот семестар на факултетите што се дел од овој најнов државен универзитет.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Согласно Анексот на Правилникот за студирање, на факултетите во рамки на УКИМ им е дозволено сами да утврдат одредени надоместоци врз основа на „нивните спецификации и реални трошоци“. Па така, на различни факултети на УКИМ се плаќаат различни трошоци.

Мета.мк направи споредба помеѓу давачките за зимскиот семестар на Правниот, Филозофскиот, Медицинскиот и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и истите се движат меѓу 900 и 3.500 денари.

Инаку, по објавата на Мета.мк претходно месецов дека се зголемуваат давачките на Филозофскиот факултет, од Универзитетското студентско собрание на УКИМ излегоа со соопштение проследено од овој факултет, во кое се вели дека Филозофскиот наводно ги повлекува зголемените трошоци.

Според студентското собрание, наместо 5.600 денари колку што биле предвидени претходно, студентите сега ќе плаќаат 2.800 денари на годишно ниво за дополнителни трошоци, покрај партиципацијата.

Меѓутоа, студентите на своите мејлови пред објавата на Мета за зголемените давачки добија известување дека треба да уплатат 2.800 денари за „онлајн и материјални ресурси“ – сума што треба да ја платат и сега, па оттука, останува нејасно како Филозофскиот факултет ги „повлекол“ покачените суми.

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за Мета.мк велат дека ги немаат променето износите на давачките од 2007 година. Трошоците на УГД се достапни онлајн и може да се најдат на овој линк. Според нив, може да се заклучи дека дополнителните трошоци и овој зимски семестар изнесуваат 3.900 денари.

Државен универзитет во Тетово

Покрај партиципацијата, студентите немаат други трошоци, освен 100 денари за студентски парламент кои се нивна организација и имаат нивна банкарска сметка, ни одговорија од Државниот универзитет во Тетово. Од таму велат дека наставните материјали, спортските активности, лабораториските вежби, праксата во други институции и патувањето во земјата и други држави за студиски цели, како и електронскиот систем, се бесплатни.

Единствено студентите во прва година, при уписите, плаќаат 750 денари на жиро-сметката на Универзитетот, на име: спортски, културни, информациски и информативни дејности на студентите на Универзитетот.

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Од УКЛО за Мета.мк велат дека студентите од втора и повисоките години, при запишување на зимскиот семестар плаќаат само школарина и 50 денари за административна такса, додека во дополнителните сесии плаќаат и за пријавување на испити. Од друга страна, студенти на Техничкиот факултет – Битола, кој е дел од УКЛО, за Мета.мк велат дека овој семестар требало да платат 1.200 денари.

 

Универзитет „Св. Апостол Павле“ – Охрид

Студентите запишани на сите пет факултети во рамки на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, за зимскиот семестар од новата академска 2024/2025 година, покрај партиципацијата, имаат дополнителни трошоци во износ од 2.500 денари.

Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје

Од овој универзитет не одговорија на прашањата на Мета.мк. Новинската агенција не можеше да воспостави контакт со ниту еден студент од овој универзитет.

Tags: државни универзитетизголемени студентски трошоци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ