• Latest

Анализа на „дестабилизацијата“ од Жарко Трајаноски: Реалност, теории на заговор и медиумскиот пристап

August 19, 2024

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Анализа на „дестабилизацијата“ од Жарко Трајаноски: Реалност, теории на заговор и медиумскиот пристап

August 19, 2024 13:35
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сеприсутната „дестабилизација“ на државата, реалност или теорија(ии) на заговор сè уште е актуелна тема во јавноста, но можеби повеќе во медиумите. И додека едните заговараат дестабилизација, другите обвинуваат дека со тој наратив се прави обид за дестабилизација, обвинетите гарантираат дека се миротворци.

Во контекст на едните -ВМРО-ДПМНЕ, другите-СДСМ и третите -ДУИ, а со цел да се разјаснат дилемите, но и реално да се пристапи кон она што значи или би значело „дестабилизација на државата“, Жарко Трајаноски, ИМА, во две свои анализи пристапува кон укажување на фактите за „дестабилизирање“, пред сè во медиумскиот простор.

Во анализата „Тема на неделата: „Дестабилизација“ – реална закана, политичко пророштво, или теорија на заговор?“, Трајановски најпрвин го факторизира медиумската манипулација со „дестабилизацијата“.

„Иако премиерот изнесе непотврдени „информации“ кои се однесуваат за иднината, некои медиуми почнаа да известуваат за обиди за дестабилизација во сегашно време. На пример, во насловот на „Вечер“ „По најавите на ДУИ за дестабилизација, стручњаците коментираат: На секој повик за уривање на уставниот поредок, треба соодветно да се одговори“ (05.08.2024), се инсинуира дека ДУИ веќе најавила дестабилизација и дека веќе имало „повик за уривање на уставниот поредок““, се вели во анализата на Трајаноски.

Понатаму, Трајановски, во отсуство на факти, вели дека прашање за „дестабилизација“, со кое е преокупирана јавноста последнава седмица, е хипотетичко прашање кое може да се сведе на трилемата: дали станува збор за реална закана од дестабилизација, за теорија на заговор заради пропагандни цели, или пак ВМРО-ДПМНЕ повторно ја ангажирало „гатачката на Груевски“ за предвидување на иднината?

Заклучокот е дека целата оваа хаотична ситуација со „заканите од дестабилизација“ е резултат на несоодветната комуникација со јавноста на премиерот за тема од врвен национален интерес како што е безбедноста, преку споделување на непроверени информации.

Во втората своја анализа „Дестабилизација“ или манипулација заради поларизација: Како да известуваат медиумите за обвинувања за „дестабилизација“ на државата?“, Трајаноски го таргетираше медиумското известување и како новинар(к)ите можат да им помогнат и на граѓаните (да ги добијат информациите од јавен интерес), и на институциите (надлежни да ги спречат евентуалните обиди за дестабилизација на државата).

„Во име на јавниот интерес, медиумите и новинар(к)ите имаат должност да го „разбијат“ молкот на надлежните институции, особено откако премиерот упати експлицитно обвинување кон ДУИ како „сериозен фактор за дестабилизирање на регионот и Македонија“. Исто така, медиумите и новинар(к)ите имаат должност да не ја продлабочуваат политичката и општествена поларизација при известувањето за чувствителни теми, како што се обвинувањата за дестабилизација на државата. Поставувањето на клучни новинарски прашања од јавен интерес, и настојувањето да се добие релевантен одговор од надлежните институции, е професионална обврска на новинар(к)ите“, се вели во анализата.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ