Лесно му е на Мицкоски да ни продава евтин патриотизам кога е што би рекле „полн како брод“. Кога негови непосредно блиски имаат токму бугарско државјанство. Кога тој си работи други негови блиски да добијат исто така државјанство на држава од ЕУ.
Лесно е да бидеш горе, а народот да биде долу и во мизерија, а ти да им објаснуваш како не е проблем да се чека со децении. Но неразбирливо е народот-граѓаните тоа да го прифатат со молчење и уште поедини ликови да лајкуваат и поддржуваат вакви ставови.
Таа апатија и додворување се загрижувачки. И како што еднаш ми кажа еден човек: „може еден ден да се разбудиме во друга држава“ лесно може да нѐ стигне. Народот – граѓаните како суверени на државата истата ја бранат не само со оружје, туку и со својот глас, својот разум, својата свесност за македонска државност и совесност кон татковината и македонската нација.
Проф. д-р Оливер Андонов
„Сила, страв, или друго ќе да е“, ЦИВИЛ МЕДИА, 5 април 2026











































