• Latest

Андоновски: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на законот против дискриминација е скандалозна

January 21, 2019

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026

Пратениците прашуваа во Собранието, денес прашуваат граѓаните: Која е вашата порака до политичарите?

July 31, 2026

Ванчо Орданоски за инцидентот со Anthropic: Прашањето веќе не е дали ВИ може да хакира, туку кој ја контролира – државите одамна ја користат за сајбер-операции

July 31, 2026
Фото: Wikimedia commons

Подгорица ја усогласи визната политика со ЕУ, Русија предупредува на последици

July 31, 2026
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Нова иницијатива за Газа: Трамп најавува договор, но Израел и Хамас со спротивставени позиции

July 31, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Андоновски: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на законот против дискриминација е скандалозна

January 21, 2019 13:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Најважното нешто што ја одбележа 2018 година е отсутвото на организирано насилство кон организациите и кон бранителите на човековите права на ЛГБТИ луѓето. Отсутвото на тој вид на насилство, од една страна, го потврдува влијанието на говорот на омраза и хомофобичните и трансфобичните кампањи што претходната гарнитура на власт ги ширеше преку мејнстрим медиумите. Од друга страна, ги вади на површина другите проблеми, односно насилството што беше прикриено, пред сè домашното насилство“, изјави Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2019.

Андоновски истакна дека жртви на домашно насилство се сè помлади ЛГБТИ припадници, а тоа го потврдува и функционирањето на Сигурната куќа каде над 50% од корисниците се помлади од 30 години. Тој истакна дека за година ипол колку што функционира шелтерот, има 20 корисници што е голема бројка ако се има предвид вкупниот број на население во државата.

„Морам да забележам дека оваа политичка волја која ја гледаме кај лидерството и во партиите, меѓутоа и во структурите на власта, сè уште не се рефлектира доволно надолу низ структурите на институциите“, изјави Андоновски посочувајќи и на одличната соработка со Министерството за труд и социјална политика и заложбите на министерката Мила Царовска, како и соработката со Министерството за внатрешни работи.

„Од аспект на правниот статус на ЛГБТИ заедницата промените што се случија се многу мали. Имаше промена во Кривичниот законик, односно сексуалната ориентација и родовиот идентитет влегоа во делот на дела од омраза, каде што се еден од забранетите основи што можат да сносат поголема казна. Сексуалната ориентација и родовиот идентитет влегоа во законот на АВМУ. Во делот на говор на омраза тие се експлицитно забранети. За жал, новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација  сè уште не е донесен и е заглавен во собраниска процедура. Ова многу лошо зборува за нашата држава и третманот што го има кон маргинализираните заедници“, рече Андоновски сметајќи дека блокадата во Собранието од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ поради тоа што би им биле повредени релегиозните чувства е скандалозна, неоправдана и неодржлива.

Андоновски смета дека формирањето на ЛГБТИ меѓупартиската група во Собранието е многу важна за застапување на барањата и потребите на ЛГБТИ заедницата пред пратениците.

„Мислам дека оној грејс период што го дадовме на Владата поради Преспанскиот договор веќе измина. Сега веќе ќе нема изговор за да не се постигне многу повеќе во однос на еднаквоста и тоа не само за ЛГБТИ луѓето. Очекувањата за 2019 година се повисоки кај граѓанскиот сектор. Мислам дека ако го почнеме процесот за преговори со ЕУ ќе се создаде простор за едно посериозно преосмислување и преуредување на нашето општество. Она што останува како главна цел е зајакнување на заедницата надвор од главниот град. Скопје е поголем град и има повеќе простор ЛГБТИ луѓето да се снајдат, да не се почувствуваат осамени, да имаат некој со кого можат да споделуваат… Надвор од Скопје навистина е многу потешка ситуацијата… Остануваме псоветени на зајакнување на локалните јадра преку кои дејствуваме, но и да ја започнеме и развиеме соработката на овие јадра со општините, односно локалните власти“, рече Андоновски за очекувањата во 2019 година.

Биљана Јордановска (разговор, текст и фотографија)
Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Share71TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ