Во периодот од 25.5.2022 (среда) до 27.5.2022 (петок) во Скопје се одржа хуманитарната акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“, во организација на Јован Андоновски, заменик-народен правобранител и МОШ Бар – Скопје, со поддршка на Амбасадата на Украина во Скопје.
„Емотивната побуда за оваа акција е да им се помогне на оние кои останаа без своите домови, спомени, животи, а рационалната со слични примери да се разбуди свеста кај индивидуалците со вакви чекори и акции да бидат директен фактор за позитивна промена на колективната свест. Малку треба да ја разбудиме човечноста во сите нас, со мал чекор можеме да направиме голема промена, затоа сакам од срце да им изразам благодарност на сите кои беа дел од оваа акција, големо благодарам на сите компании, институции, граѓани, пријатели… кои несебично се вклучија во акцијата и секој на свој начин дадоа придонес за успешна реализација на оваа активност, изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски, заменик-народен правобранител.
Тој истакна дека овие лица се соочуваат со низа проблеми, како што се сместувањето, недоволните средства кои ги имаат на располагање, и затоа со оваа акција се собираа средства кои им се најпотребни, храна, облека, витамини, суплементи, средства за хигиена, како и парични средства.
Воедно, Андоновски изрази благодарност до сите лица и компании кои излегоа во пресрет, и изрази надеж дека ваквите акции ќе продолжат во иднина.
Меѓутоа, истакна Андоновски, тоа е само една капка во морето, бидејќи проблемите на овие лица се далеку посериозни.
Со статусот што го имаат моментално, не можат да пристапат до пазарот на трудот, односно, не можат да дојдат до вработување, следствено на тоа, не можат да остваруваат сопствени извори на приходи, а тоа е сериозен проблем затоа ѓто многумина од нив немаат средства за живот.
Според Андоновски, државата треба да преземе конкретни мерки , бидејќи никој не знае колку ќе трае оваа состојба, и како пример наведе дека само во соседна Бугарија има неколку десетици илјади лица бегалци од Украина , кои что беа згрижени во хотелите на Црноморието, а од 1 Јуни од нив е побарано да ги напуштат тие места за сместување, и можно е тие да дојдат во нашата земја.
Како уште еден проблем, Андоновски го посочи тоа што децата не можат да бидат примени во градинка и училиште, со што им се скратуваат основните права, како правото на образование, згрижување и едукација, како и тоа што за овие лица, без разлика дали се деца или возрасни, не е решен пристапот до здравствена заштита, и покрај ветувањето од тред 2/3 месеци дека ова прашање ќе биде решено.
Има и мали деца, има и возрасни луѓе, и за нив не е решен уште еден проблем, а тоа е пристапот до здравствена зашита. Што е сериозен проблем подади тоа што помеѓу двете дршави не постои билатерален договор за регулирање на тоа прашање. Доколку имаат потреба, тие се приморани сега да платат за услугата, а голем дел од овие лица немаат ниту базични средства за живот.Државата да ја покаже својата големина и хуманост, без разлика колкав е бројот на овие лица,проблемот не мора да се реши со билателарен договор, туку може да се реши и со одлука на извршната власт.
Андоновски посочи дека Амбасадата го има покренато ова прашање уште пред неколку месеци.
Колку што знам јас , било ветено дека истото ќе биде направено…поминаа 2,3 месеци и нема никаков изход, изјави Андоновски.
Д.Мишев