• Latest

Анета Перковска: Во ЕУ само еднаквост и со почитување на законите

August 12, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анета Перковска: Во ЕУ само еднаквост и со почитување на законите

August 12, 2020 11:41
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто веќе  се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Активистката Анета Перковска пишува:

Пожелно би било оваа влада најпосле да се фокусира на вистинска програма против корупцијата во јавниот сектор. После фијаското со Катица Јанева треба да се формира посебен оддел во правната структура на опшетсвото кое ќе се бори со корупцијата. Сите вработени во приватниот сектор очајно чекаат на некакво превземање од страна на владините структури во поглед на ова прашање.

Живееме во дигитално опшество и многу е лесно да се детектира доколку некој јавен службеник троши повеќе пари од што заработува. Патувањата во странство и ескурзиите во светските метрополи не се покривааат со плата од 30.000,00 денари. Фокусот не треба да биде само на највисоко ниво, туку и на многу пониско, како што се службениците со кои граѓаните се среќаваат секојдневно, не може некој веднаш да добие Решение од Катастар, а некој да чека со години.  Впрочем,  тоа може многу лесно да се реши со редовна инспекција како онаа што се применува на приватните дуќани, фирми кои од нивните тешко заработени пари и плаќаат данок на државата. Ова е најголемата болка на сите граѓанки и граѓани кои што работат во приватниот сектор, и кои понекогаш се чувствуваат како граѓани од втор ред кога треба да посетат некоја институција. Дури и во време на корона, јавните службеници се граѓани од прв ред со ненеамалени плати, со работа од дома на кои тоа, верувале или не, многу им одговара. Овие граѓани и граѓанки во моментов размислуваат како да го поминат својот годишен одмор, а од друга страна имаме слој во опшеството кое едвај преживува.

Арогантноста која што владее кај овие службеници не треба повеќе да постои и треба еднаш за секогаш да сфатат дека тие се само вработени кои треба совесно да си ја вршат својата работа, а не со тоа што го сработиле да го сметаат за услуга направена спрема “обичните” граѓани. Овој ефект ќе биде постигнат кога и овие вработени ќе имаат ненајавена инспекција од одреден владин сектор кој ќе биде аполитичен и во кој нема да владее непотизам. Можеби ова е идеализам за Република Северна Македонија, но сепак се стремиме кон членство во Европска Унија и веќе треба да работиме на овој случај.

Сите што заминаа од оваа држава, која верувам дека сите ја сакаме без разлика на националноста, заминаа со реченицата: “Барем во оваа странска држава сите сме еднакви”,  а таму се еднакви затоа што се преселиле во држава во која се почитуваат законите, а на законот на стрина, чичко, партија, итн.

Секој граѓанин или граѓанка посакува нашата држава да биде членка во ЕУ затоа што се знае дека тогаш ќе се почитуваат одредени правила и закони. Да се надеваме дека новата владата ќе се стреми кон оваа цел и така да создаде подобро опшество за сите свои  граѓани и граѓанки затоа што сепак “дома си е дома”.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ