Гоце Ангелов од Коалицијата „ Иднината во наши раце“, кандидат за градоначалник на Штип, за ЦИВИЛ Медиа ја најави својата изборна програма.
„Не сум задоволен баш од моето рекламирање, бидејки на некој начин не се доволно запознати граѓаните во врска со мојата кандидатура, бидејки и немаме доволно истакнати билборди.
И покрај моите планови за изградба на болницата откако би станал градоначалник друга приоритетна работа ми беше изградбата на Бања Кежовица, реконструкција на сегашниот објект кој е во катастрофална состојба, отварање на спортски базент, отворен и затворен за сите возрасти, спортски сали, теретани за младите да имаат поголема активност. Бидејки младата популација е неактивна. Изградба на градскиот пазар на подземни гаражи, на неискористениот дел може да се направи паркинг простори за влез на возила за лицата кои ќе отидат да пазаруваат.
Промена на Урбанистички план на град Штип, бидејки фактичката состојба не е иста , затоа е потребно урбанистичкиот план да биде променет. Да не ги оставаме граѓаните од улица „Косовска“ „Радански пат“ „Дузлакот“ да не ги оставаме тие граѓани бидејќи таму живеат повеќе ромска популација. Доколку бидам јас градоначалник ќе посветам внимание на изградба на улиците и секаде во градот ќе бидам на располагање како што треба за сите“, одговори Ангелов наа прашањето на ЦИВИЛ Медиа во однос на тоа како течеше изборната кампања за локалните избори во Штип, како кандидатите се задоволни од нивната застапеност и што би им порачал на граѓаните.
С. М. Живкова
Камера и монтажа: Ариан Мехмети