• Latest

Ангеловска – Бежовска: Трендовите покажуваат намалување на степенот на нееднаквоста

June 19, 2019
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ангеловска – Бежовска: Трендовите покажуваат намалување на степенот на нееднаквоста

June 19, 2019 10:31
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје викендов ќе се одржи состанок на Холандско – Белгиската конституенца на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд на темат – како до поправедно општество до поправеден систем.

Гувернерката  на Народна банка, Анита Ангеловска – Бежовска изјави дека во Северна Македонија трендовите покажуваат  намалување на степенот на нееднаквоста.

„Нееднаквоста не е прашање во надлежност на Централната банка, но ние секако ги следиме и анализираме бројките и охрабруваат бројките што упатуваат на постепена стагнација, односно намалување на нееднаквоста во нашиот случај. Инаку во глобални рамки тоа е многу актуелно прашање кое се дискутира особено во последната деценија во светски рамки каде се забележува натамошен тренд на раст на нееднаквоста во општествата. Особено тоа е случај во американската економија и оттаму голем фокус на ова прашање не само за дијгностицирање, туку и на мерките и политиките кон кои треба да се насочат носителите на политиките со цел справување со овој глобален предизвик“ изјави  Ангеловска-Бежоска.

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека темата на Конституенцата се совпаѓа со главниот фокус на Владата, а тоа се  мерките што ги преземаат а коишто се во насока на намалување на нееднаквоста, како што е праведното оданочување со цел обезбедување дополнителни средства за социјална реформа.

„Ние како земја сме први во регионот што воведоа минимален адекватен приход, со тоа многукратно ги зголемивме социјалните трансфери кон најранливите категории граѓани. Анализата на НВО покажа дека овие две мерки-праведното оданочување и реформата на социјалната заштота практично ќе ја намали дури и ќе ја отстрани апсолутната сиромаштија во земјата“, рече Тевдовски, додавајќи дека една од првите владини мерки беше зголемување на минималната плата на почетокот на мандатот, дека веќе се очигледни резултатите и во делот на платите кои, како што вели тој, растат со многу посилна динамика.

Тевдовски рече дека праведното оданочување наспроти многу кои даваа апокалиптични сценарија дека луѓе ќе се иселуваат и  ќе се отвараат фирми  во странство – не се случи. Напротив, бројките од Државниот завод за статистика, но и други релевантни инстиуции покажуваат дека платите растат со посилно темпо од претходно. Во ИТ секторот платите се зголемуваат за 5,5 проценти, вработеноста се зголемува и на општо ниво и кај младите, и се укажува дека одиме во правилна насока кон поправедно општество, додаде  Тевдовски.

Тој најави дека на крајот од неделава  ќе биде промовирана и мерката за враќање на ДДВ за физичките лица која треба да стартува од 1 јули, а којашто е дел од владината програма.

 

Домаќини на состанокот со значително к меѓународно значење се Народната банка и Министреството за финансии. Како што истакнаа на средбата со новинарите гувернерката на Народната банка,  Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Тевдовски , токму оваа тема – нееднаквоста, кои се причините за неа, што доведува до неа, какви се трендовите во последниот период, особено во посткризниот период и дали таа се зголемува ќе биде во фокусот на дискусиите на сите говорници, и дека нема да се застане само на овие прашања, туку ќе се дискутира и можни решенија, политики во различни аспекти кои на крајот треба да доведат до позитивни ефекти односно порамномерна дистрибуција на доходот во секое општество.

На состанокот на Конституенцијата ќе учествуваат високи претставници од ММФ и СБ, како и голем број министри за финансии и гувернери од членките на Конституенцата. Од ММФ доаѓаат дирекорот за европскиот дел Пол Вилсон и поранешен шеф на првата мисија на ММФ во државата од независноста, и директорот за фискални политики Виктор Гашпар. Од Светска Банка  ќе присуствуваат тројца директори на СБ, што е, според Тевдовски, невообичаено за овој формат на состаноци. Меѓу говорниците го издвоија проф. од Универзитетот во Чикаго – Луиџи Зингалес, во чиј фокус на научен интерес е токму нееднаквоста во САД.

Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ