„Соживотот во Велес не е како порано, нема дружба, сите се некако повлечени“, вели еден граѓанин од Велес на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каков е соживотот во Велес?
Друг велешанец вели дека речиси цел живот работел во некоја странска држава и дека ги почитува сите малцинства, меѓутоа Грците, Албанците, Бугарите и Србите треба според него треба да си одат бидејќи си имаат своја држава.
„Оваа држава Господ ја дал на Македонците“, вели тој.
Еден граѓанин на Велес нагласи дека нема меѓуетнички проблеми сите живеат добро.
„Никој не зборува за политика, со сите добро си живееме. Најголемиот проблем е тоа што младите се иселуваат бидејќи немаат просперитет тука“, додаде тој.
ЦИВИЛ Медиа ги праша и граѓаните на општина Кавадарци каков е соживотот меѓу граѓаните, при што сите одговорија дека нема никакви меѓуетнички проблеми во градот бидејќи 95 отсо од населението се Македонци, православни, додека останатите 5 отсто се Роми.
Дијана Тахири
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов