На прашањето на ЦИВИЛ – Дали ќе ја примите вакцината против Ковид-19?, поголемиот дел од граѓан(к)и одговориле дека ќе ја примат вакцината кога ќе пристигне во нашата земја.
„Ќе ја примам вакцината за заштита од Ковид-19 затоа што тоа е добро за моето здравјето, само чекам кога ќе пристигне“, вели еден граѓанин.
Повозрасните граѓани велат дека ќе ја примат вакцината, бидејќи само така ќе се заштитат.
Дел од анкетираните граѓани сè уште размислуваат дали ќе ја примат вакцината, додека пак помал дел од граѓаните одговориле дека нема да се вакцинираат.
Дел од граѓаните истакнаа дека ќе ја примат вакцината за заштита од коронавирусот освен ако мораат.
Арбен Зеќири
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов