„Многу е важно да се одржи пописот, оти без броење нема да знаеш колку кокошки имаш во дворот. Пописот е важен и за многу други работи затоа што статистиката е најбитна работа во животот“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Зошто е важно да се одржи попис?
Поголемит дел од анкетираните граѓани сметаат дека пописот треба да се одржи бидејќи е статистички податок кој е неопходен за функционирање на државата.
„Пописот треба да се одржи бидејќи сме цивилизациска земја, цивилизирана држава, не сме Африка да не знаеме ни колку жители имаме ни колку имовина имаме, тоа еден здрав разум не може да го разбере дека држава од 1.5 милиони жители не може да спроведе попис. Не можам да сфатам како политичарите се препукуваат на штета на својот народ, меѓутоа мора да се одржи пописот, не сме ние диво племе, дури и афричките диви племиња знаат колку се, а ние не знаеме колку сме, тоа е срамота“, вели еден граѓанин.
„Мора да се одржи пописот за да се види структурата на населението. Ние сме единствена држава која не спроведе 19 години попис“, смета друг граѓанин.
Помал дел од анкетираните граѓан(к)и сметаат дека не треба да се одржи пописот бидејќи немаат доверба во системот и мислат дека ќе се злоупотреби за политички цели.
текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Јон Ајдини