• Latest

Анкета: Прогресивното оданочување не ги зголемило трошоци за работа кај 51 отсто од фирмите

October 14, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анкета: Прогресивното оданочување не ги зголемило трошоци за работа кај 51 отсто од фирмите

October 14, 2019 13:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Промената на даночната политика и воведувањето на прогресивното оданочување на данокот на личен доход кај 51 отсто од компаниите членки на Стопанската комора на Македонија не влијае на зголемување на нивните трошоци за работа, ниту, пак, врз промена на нивните деловни одлуки, а кај 49 отсто има влијание. Кај 23 отсто од компаниите промената влијае и на одложување на нивните деловни одлуки.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата за работењето на фирмите во првите седум месеци од годинава, направена од Комората на почетокот на септември врз репрезентативен пример од 200 компании од различни дејности од кои некои се со над 1.000 вработени. Најголем дел од анкетираните компании се од индустријата, градежништвото, информатиката, компјутерското програмирање, металургијта, енергетиката, угостителство, туризам и комунална дејност. Тие апелираат за подобро справување со сивата економија за да не падне товарот само врз оние што ги сервисираат обврските.

„Во фирмита во кои промената нема вијание најмногу се застапени компании од градежништвото, преработувачката индустрија, снабдување со вода и отстранување на отпадни води, како и фирмите кои работат во рамки на технолошкоиндустриските развојни зони (ТИРЗ), бидејќи трошоците за даноци во фирмите во ТИРЗ влегуваат во рамки на утврдената државна помош. Клучна причина поради која променетата  даночна политика нема влијание во овие сектори се пониските плати, а во некои од фирмите платите се дефинирани во бруто износ и зголемувањето паднало на товар на вработените“, рече Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Во 49 отсто од компанииите кај кои воведувањето на прогресивното оданочување има влијание на нивните трошоци на работа, додаде, дури 65 отсто тврдат дека зголемените трошоци се должат на оданочување на доход од работа, односно трошоците за плати, а кај остатокот од фирмите зголемените трошоци се должат на друг вид на трошоци.

„Трошоците за плата се зголемени за повеќе од пет отсто во дејностите: услуги во врска со информатичка технологија и компјутери и компјутерско програмирање, консултантски и информативни услужни дејности. Зголемување на трошокот има и во финансиските дејности од 1,5 отсто па до 15 отсто кај институциите од областа на осигурување, реосигурување и друго кредитно посредување, во услужни дејности поврзани со воздухопловниот превоз, пак, зголемувањето е за три отсто. Кај останатите компании кои се произнеле за зголемување на трошоците, тие се должат на зголемување на трошоците за данок врз основа на доход на закуп и подзакуп, права од индустриска сопственост, авторски  и сродни права, доход од самостојна дејност“, рече Димовска и додаде дека трошоците за закуп и подзакуп се зголемени од шест, па до 90 отсто.

Од вкупниот број на анкетирани, прецизира, 23 отсто се произнеле дека променетата даночна политика влијае врз промена на нивните деловни одлуки и тоа во насока на одложување на планирани активности за инвестирање во реновирање на објекти,…

„Дел од компаниите биле принудени да ги намалат трошоците преку намалување на бројот на вработени, а добар дел на компаниите од ИТ секторот рекоа дека промената во даночната политика предизвика зголемување на цените на услугите во дејноста, бидејќи имаат зголемени трошоци за плата и за надворешни соработници“, рече Димовска.

Таа посочи дека во првите седум месеци од годинава најголемо зголемување на наплатата на даноци има кај приходите од имот и имотни права, односно од закуп и подзакуп за 62,9 отсто, кај приходите од земјоделство и шумарство зголемувањето е 62,7 отсто, а кај плати и други примања има раст од 9,4 проценти или за 1,4 милијарди денари повеќе од лани.

„Врз основа на јавно достапните податоци не може да се утврди колкав дел од овој раст се должи на воведувањето на прогресивната стапка од 18 отсто, а колку на растот на платите, бидејќи во првите седум месеци нето платите пораснаа за 3,6, а бруто платите за 4,8 отсто. Покрај тоа се зголеми и стапката на вработеност“, појасни Димовска.

Кај приходите од капитал, посочи, забележан е раст од 3,5 отсто, кај приходите од капитални добивки има намалување на приходите од 37,7 отсто.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ