Има мултикултура и соживот во Тетово. Добро е тука, а и подобро не може да биде, Балкан е, вели еден граѓанин кој подолго време се живее во Швајцарија на прашањето на ЦИВИЛ – Какви се меѓуетничките односи во општина Тетово?
Еден граѓанин вели дека има соживот и почитување меѓу граѓаните, меѓутоа поделбите ги прават политичарите.
Друг тетовец вели дека граѓаните немаат проблеми меѓу себе, бргу ја разбираат културата на другите, меѓутоа власта малку работи на ова поле. На пример, културата на Албанците малку е позната кај Македонците и обратно. Има уште работа за целосен мултикултурализам и интектуализам…
„Мултикултурализмот и заедничкиот соживот е во ниво во Тетово. Кој ќе каже дека не е така, лаже“, вели еден граѓанин на Тетово.