Поголемиот дел од граѓан(к)ите на Куманово не им веруваат на медиумите и политичарите бидејќи според нив, постојано шират лажни вести, пропаганда и дезинформации.
„Јас на самиот себе не си верувам, а не пак на медиумите. Во цел свет се лаже. Еве Русија излажа дека нема да ја нападне Украина, а ја нападна и ја уништи таа прекрасна земја. Срце ме боли за тоа“, вели еден граѓанин на Куманово.
Додека друг граѓанин кој потпаднал на руската пропаганда, истакна дека се е пропаганда во однос на војната во Украина.
„Претседателот на Украина е глумец и тој може сè да одглуми. Градоначалникот на Киев е боксер, и од тие луѓе нема аир“, вели друг кумановец.
Еден граѓанин вели дека вередостојноста во телевизиите е катастрофа, а порталите често ни самите не знаат што пишуваат, бидејќи тоа се портали на лични луѓе кои пишуваат се и сешто за да бидат популарни. Нема кодекс по кој треба да работат.
„Верувам во медиумите, тие нè известуваат што се случува, да не се тие нема да знаеме ништо“, нагласи еден кумановец.
Една граѓанка на Куманово истакна дека порталите се тие кои најчесто шират дезинформации.
Биљана Јордановска
камера и монтажа: Дехран Муратов