Има соживот во Куманово, граѓаните немаат меѓусебни проблеми. Се зависи од домашното воспитување, вели една кумановка на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали во Куманово постои мултикултура и колку граѓаните се почитуваат?
Еден граѓанин на Куманово вели дека култура нема, тоа е само збор, бидејќи културата не се стекнува, таа се вродува.
„Ако имате вродено култура со генерации наназад, ќе имате култура и денес. Мултикултурата не се создава преку ноќ, таа се создава со години, со децении, со луѓе кои во тоа гледаат иднина“, вели тој.
Друг граѓанин додава дека порано имаше поделби, но сега состојбата во Куманово е подобрена.
Биљана Јордановска
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов