„Сива иднина нè очекува“ е одговорот на еден штиипјанец, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква иднина не очекува, зелена или црна? Тој додава дека градот се грижи за екологијата, но секогаш може подобро, односно да има повеќе зелени површини.
Друг граѓанин вели дека Македонија ја очекува зелена иднина, бидејќи сè уште има млади во државата.
„Сè е ОК, сè е зелено, црно не гледам никаде“, вели еден штипјанец.
„Треба пред сè да се зголеми свеста на луѓето, да внимаваат каде фрлаат отпад, бидејќи немаме друга природа, мора да си ја чуваме оваа што ја имаме. Градот и комуналните работници си ја вршат работата како што треба, меѓутоа граѓаните не внимаваат, фрлаат ѓубре насекаде, кршат клупи“, вели еден граѓанин од Штип.
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети