• Latest

Анкета на ЦИВИЛ: Голема поддршка за „Шарената револуција“

May 4, 2016

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Анкета на ЦИВИЛ: Голема поддршка за „Шарената револуција“

May 4, 2016 15:04
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дали ги поддржувате протестите на „Шарената револуција“? На првото прашање од онлајн анкетата „Протести во Македонија – решение или продлабочување на кризата“ на ЦИВИЛ – Центар за слобода, 83,40% одговориле дека целосно ги поддржуваат протестите, а 9, 31% од анкетираните одговориле дека воопшто не ја поддржуваат „Шарената револуција“.

Q6

Онлајн анкетата се спроведе во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ во период од 25 април до 5 мај, а од добиените резултати го детектиравме ставот на граѓанките и граѓаните за протестите и контра протестите, нивното дејствување и организација, како и влијанието врз политичката криза во Македонија и можноста за слободни избори.

Во онлајн анкетата учествуваа 741 испитаници кои одговараа на 10 прашања.

Барањата на демонстрантите на „Шарената револуција“ ги знаат 85,70%, а ги поддржуваат 83, 27% од анкетираните. Ефектот на шаренилото, демонстрантите го постигнаа со гаѓање со боја и јајца по склуптурите од проектот „Скопје 2014“. Дури 75,57% ја оправдуваат ваквата акција на демонстрантите, а 16,87% не се согласуваат со ваквиот начин на изразување револт.

Q10

Сепак, на прашањето кој ги организира протестите, од вкупниот број на учесници во анкетата, постои поделено мислење. Разликата е 0,53% меѓу оние кои сметаат дека „Шарената револуција“ е организирана од граѓанските организации и иницијативи(42,65%) и оние кои се сигурни дека организациската структура на протестите ја сочинува опозицијата заедно со граѓанските организации и иницијативи(43,18%).

Собирите или контра протестите на ГДОМ целосно не ги поддржуваат 82,59% од вкупниот број на испитаници, сепак 53,17%  од нив се запознаени со нивните барања и високи 87, 31%  не ги поддржуваат нивните барања за привремена забрана на партиите и невладините организации кои ја поддржуваат „Шарената револуција“.

Q13

Дури 83,54% од анкетираните се сигурни дека партијата на власт ги организира контра протестите на ГДОМ.

Q14

На прашањето „Дали сметате дека протестите на граѓаните придонесуваат за разрешница на кризата и спроведување на слободни избори?“, 80,03% од анкетираните сметаат дека протестите се единственото решение.

Проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска

Tags: анкетаконтра протестиМакедонијаПротестиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ