• Latest

Анкета на ЦИВИЛ: Власта го опструира Договорот од Пржино!

March 3, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анкета на ЦИВИЛ: Власта го опструира Договорот од Пржино!

March 3, 2016 16:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 80 отсто од граѓанките и граѓаните кои учествуваа во онлајн анкетата на ЦИВИЛ-Центар за слобода, сметаат дека власта го опструира исполнувањето на Договорот од Пржино, а речиси сите анкетирани (89 отсто!) одговориле дека институциите и администрацијата се злоупотребуваат во партиски цели.

Во периодот од 22-ри февруари до 1-ви март, ЦИВИЛ ја спроведе третата онлајн анкета со наслов: “Договорот од Пржино и изборите”. Анкетата е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, на која учествуваа 856 испитаници.

Сите анкетирани имаа можност да одговорат на 10 прашања поврзани со имплементација на Пржинскиот договор и претстојните, предвремени парламентарни избори.

Во периодот кога се подготвуваа прашањата и анкетата беше во тек, сé уште 24-ти април, беше термин предвиден за изборите.

На прашањето – Дали се создадени услови за одржување на слободни и фер избори на 24-ти април? – дури 86 отсто анкетирани, одговорија дека условите не се исполнети. Истиот процент на испитаници одговорија позитивно на прашњето – Дали сметате дека изборите треба да се одложат и одржат откако ќе се прочисти Избирачкиот список и ќе се спроведат реформи во медиумите?

Речиси сите анкетирани (89 отсто) одговориле дека институциите и администрацијата се злоупотребуваат во партиски цели.

44 проценти од испитаниците кои учествува во онлајн анкетата на ЦИВИЛ, се задоволни од работата на министрите и дополнителните заменик-министри предложени од опозицијата. Останатитеанкетирани се со поделени одговори, дел не се задоволни, а останатите – 27 отсто, не знаат како да одговорат на ова прашање.

Две третири од испитаниците – 66 отсто, досега не биле подложени на притисок од претставник или активист на политичка партија. Спротивно од тоа, речиси една третина од анкетираните, трпеле притисоци.

Специјалното Јавно обвинителство – СЈО, добива висок степен на поддршка во својата работа (88 отсто). Во тој контекст, најголем број од испитаниците, сметаат дека работата на СЈО е попречувана.

Проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Tags: анкетарезултатиСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ