• Latest

Антидискиминациска комисија упати жалба по пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

August 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

August 27, 2025

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Антидискиминациска комисија упати жалба по пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

August 27, 2024 11:40
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација упати жалба по пресудата на Управниот суд во врска со мислењето на Комисијата, со кое се утврди дискриминација од страна на Советот за јавни обвинители кон обвинителката Ленче Ристоска.

– Управниот суд не може да одлучува за мислења на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи тие не се управни акти, реагираат од КСЗД и бараат Вишиот управен суд да ја укине спорната пресуда и да ја врати на претходно одлучување на Управниот суд, со насока, да донесе решение за отфрлање на тужбата како недопуштена.

Комисијата, се вели во соопштението од КСЗД, смета дека се сторени суштествени повреди на одредбите за постапката и погрешна примена на материјалното право од страна на Управниот суд.

КСЗД упати жалба по пресуда до Управниот суд во врска со мислењето на Комисијата, со кое се утврди дискриминација од страна на Советот за јавни обвинители кон обвинителката Ленче Ристоска.

-Судот погрешно постапи со тоа што не ја отфрли тужбата со решение согласно Законот за управни спорови, бидејќи не се исполнети услови за водење на управен спор. Имено, Мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оспорувано од Антонио Јолевски не е управен акт и против него не може да се води управен спор. Управниот суд, со оваа пресуда, остава простор за креирање на противправна пракса на третирање на мислењата на Комисијата како управни акти, спротивно на Законот за управни спорови и Законот за спречување и заштита од дискриминација, се вели во реакцијата од КСЗД.

Со мислењето, КСЗД посочува дека Комисијата не одлучува за права, обврски и правни интереси, во конкретниот случај на тужителот Антонио Јолевски, туку одлучува, дали во случајот е сторена дискриминација и дава препорака за нејзино отстранување.

– Препораките на Комисијата не се правно-обврзувачки, односно, спроведувањето на препораката е оставено на диспозиција на сторителот на дискриминација. Доколку сторителот, како во случајот, не се согласува со мислењето на Комисијата и не сака да ја спроведе препораката, постапката продолжува пред прекршочен суд, кој ќе утврди дали е сторена дискриминација. Препораката на Комсијата има правно дејствие како опомена или прекршочен платен налог како во други постапки кои се однесуваат на прекршоци. Оттука, незадоволниот сторител на дискриминација, согласно мислењето на Комисијата, има прилика истото да го спори пред Прекршочен, а не Управен суд, се вели во соопштението од КСЗД.

Од КСЗД, исто така, посочуваат дека пресудата на Управниот суд е спротивна на принципите на Обединетите нации за статусот на Националните институции за човекови права и тела за еднаквост. Исто така, со оваа пресуда, Управниот суд не ја следи ниту сопствената практика во однос на истото правно прашање, со што создава правна несигурност. Во 2021 година, Управниот суд со решение ја отфрли тужбата во предметот УПР бр.37/2021 изјавена против мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, наведувајќи дека мислењата на Комисијата не се управни акти против кои може да се води управен спор, туку претставуваат препорака упатена кон физичко или правно лице.

Фото: МИА архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ