• Latest

Антикорупционерите бараат уште време за одговор на прашањата од ЦИВИЛ

January 20, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Антикорупционерите бараат уште време за одговор на прашањата од ЦИВИЛ

January 20, 2018 11:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одговори на барањето за пристап до информации од јавен карактер што ЦИВИЛ го поднесе кон средината на декември минатата година.

Барањето од ЦИВИЛ се совпадна со реакцијата на ДКСК на колумната „Да виси ДКС“ од Сашо Орданоски објавена на 12 декември 2016 на ЦИВИЛ Медиа.

ДКСК своевремено реагираше со осуда на наводите содржани во текстот кои се насочени кон ширење на невистини, дискредитација и јавен повик за линч на Државната комисија за спречување на корупцијата и на нејзините членови.

Во своето соопштение тие обвиниија за непрофесионализам и неетичко однесување и побараа да се повлече текстот. ЦИВИЛ возврати дека нема намера никогаш да се повлече и повика на одговорност и транспарентност.

ЦИВИЛ упати барање според Законот за пристап до јавни информации, во кое побара неколку информации, меѓу кои и број на оформени предмети поради сомневање за постоење на корупција и за кои предмети се работи. Исто така, ЦИВИЛ побара од ДКСК да обелодени податоци за патните трошоци во земјата и во странство, како и причините и резултатите од тие патувања, трошоци за репрезентација, сите јавни набавки и трошоци за комуникација во периодот 14 април 2015 до 12 декември 2017 година.

Дел од одговорноста за доцнењето на одговорот на овие прашања, ДКСК префрли на Службата за општи и заеднички работи на Владата: „На имателот на информациите му е потребно подолго време од рокот утврден во член 21 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, поради што истиот се продолжува, согласно член 22 став 1 од истиот закон. Причина за продолжување на посочениот рок е обемноста на браните информации-податоци, потребата од обезбедување на поголемиот дел од истите од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија (СОЗР), која врз основа на извршување општи и заеднички работи и услуги, ги извршува сметководствените работи за Државната комисија за спречување на корупцијата, како и недоставувањето на податоците до Државната комисија од страна на СОЗР, побарани со писмено барање на Државната комисија“. – се вели во одговорот до ЦИВИЛ.

„Македонската јавност има законско право да очекува одговори на овие прашања. Ние имаме уште прашања до ДКСК, но и до неколку други институции во државата.“ – кратко изјави Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

 

Tags: ДКСКинформации од јавен карактеродговорЦивил
Share39TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ