• Latest

Антикорупциската комисија со груевистички методи за линч на неистомислениците!

June 5, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антикорупциската комисија со груевистички методи за линч на неистомислениците!

June 5, 2017 10:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од дваесет граѓански организации кои на прес-конференција минатата недела информираа за притисоците со кои се соочуваа во изминатиот период и за речиси секојдневната контрола од Управата за јавни приходи и Финансовата полиција, писмено се обратија и до претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски.

„Шестмесечните контроли на Управата за јавни приходи и Финансиската полиција на МВР во дваесет и двете граѓански организации и фондации ги инцирала Државната комисија за спречување корупција. Информацијата што лично, на 30 мај ја соопшти првиот антикорупционер, Игор Тантуровски и притоа откри дека Државната комисија за антикоруција (ДКСК) прва формирала предмет од кој започнал прогонот на невладините, наиде на револт и протест кај овие граѓански организации и фондации. Организациите кои се под повеќемесечна напорна контрола се револтирани од фактот што Тантуровски покажува и тотално непознавање за начинот на нивното функционирање и работа, кога на соопштувањето на резултатите од мониторингот на работата на Антикорупциската комисија од страна на МЦМС, подсмешливо го коментира интересот на ‘амбасадор на голема институција’ кој ја посетил ДКСК  и сугерирал дека право на контрола врз овие граѓански организации имаат нивните донатори“, се вели во реакцијата на граѓанските организации.

„Ако подобро ја познава работата на НВО-секторот, тогаш Тантуровски ќе знае дека секој домашен и странски донатор што одлучил да поддржи проект и дал финансиска поддршка на невладина организација, пропишал правила според кои грантистите се обврзуваат да му подготвуваат детални месечни, квартални и годишни, наративни и финансиски извештаи. На тој начин се следат трошењата на парите од страна на грантистите“, стои во соопштението.

Изјавата на Тантуровски во која тој се исплашил од влезот на пари за тероризам во Македонија, преку граѓански организации и фондации, тие ја оценуваат како апсурдна и смешна.

„Образложението на Тантуровски иако е апсурдно и смешно, покажува на сериозен проблем дека ДКСК, наместо да ја врши работата за која е платена од народни пари и да трага по стотиците веќе откриени коруптивни скандали на политичари, државни институции или јавна администрација, се вплеткува во спроведувањето  на груевистичките методи за линч на неистомислениците“, сметаат потписниците на соопштението.

Граѓанските организации кои беа под постојан притисок и контрола бараат од  ДКСК да се ангажира и да спроведе постапка за невалдините организации кои добивале пари од Владата и да провери како тие ги трошеле народните пари во последните години.

Тие предлагаат и Тантуровски  да почне од последната распределба, објавена во Службен весник на Република Македонија на 23-ти мај, во вредност од 800.000 евра, а распределени  на главно непознати граѓански организации во Македонија.

М. Т. 

Tags: владаграѓански организацииДКСКконтролапритисоциУЈПфинансиифинансиска полиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ