Наспроти позадината на целосната воена операција која започна утринава, важно е да се забележи дека на Русите не им е потребна оваа срамна војна и дека во земјата има опозиција што се противи на агресијата врз Украина. Со оглед на строго авторитарната природа на рускиот режим, ваквите постапки треба да се пофалат. Во текот на изминатите неколку дена, десетици антивоени протести се одржаа во различни градови во Русија. И иако според руските закони за ваква форма на дејствување не е потребно известување, многу од демонстрантите што излегоа беа приведени, пишува Freedomnews.
Низ Русија, се одржаа протести проследени со антивоени графити, а ваквите акции исто така беа поддржани и од феминистички организации. Акциите резултираа со многубројни апсења, но и покрај пречките што полицијата им ги зададе на учесниците во антивоените акции, московските демонстранти успеаја да поделат антивоени летоци во центарот на Москва.
Уапсените биле задржувани во притвор и по 5 часа, а консултацијата која им била дадена со адвокат траела само половина час. Дури и поранешните професионални руски војници кои минале низ Авганистан ја осудија ескалацијата на воената хистерија и рекоа дека за Русија таа може да заврши само со пристигнување на ковчези од борбената зона.
Петицијата против војната со Украина за три часа добила повеќе од 100.000 потписи. Студенти, дипломци и професори подготвуваат отворен антивоен апел. Вестите за протести масовно се прошируваат и на социјалните мрежи.
Во Русија уапсени околу 1.400 антивоени демонстранти, меѓу нив и новинари
Речиси 1.400 луѓе се уапсени вчера во неколку градови во Русија за време на демонстрации против војната во Украина, информира локалната невладина организација ОВД-Инфо.
Според организацијата, најмалку 1.391 лице се уапсени во 51 град, од кои 719 само во Москва, меѓу нив и тројца дописници на Радио слободна Европа.
People marching through central Moscow this evening chanting “No to War!” pic.twitter.com/BTQ3ZOGTan
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) February 24, 2022
Некои светски агенции од лице место претходно известија дека неколку десетици демонстранти се уапсени во Санкт Петербург и оти се распоредени силни полициски сили.
Демонстрантите биле уапсени во близина на плоштадот Пушкин, како и на други места во Санкт Петербург, додека извикувале „Не на војна!“.