СЈО, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска го промовираше проектот „Заедно за одговорност: Поддршка на Специјалното јавно обвинителство на Македонија во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка“.
Проектот има за цел развивање на оперативните капацитети за ефективно водење на истраги и гонење и зајакнување на капацитетите за меѓународна правна соработка на СЈО.
„Проектот има значење и на меѓународен план во рамки на владеење на правото во Македонија и враќање на довербата на граѓаните кон правосудниот систем. Сакам да потенцирам дека и покрај специфичната намена што ја има СЈо, основната цел ја делиме со сите јавни обвинителства, а тоа борба против организираниот криминал и корупцијата.“, изјави Катица Јанева, Специјалната обвинителка.
За целите и очекуваните резултати зборуваше директорот на Центарот за меѓународна правна соработка (CLIЦ), а пред присутните госити се обратија Воутер Пломп, Амбасадор на Кралството Холандија во Македонија и Алберт ван дер Керк, главен обвинител, Меѓународни, европски и внатрешни работи, Јавна обвинителска служба на Холандија.
Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.