• Latest
Фотографија од настанот посветен на укажувачите во организација на SCOOP, 2017 / фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Јанева: Не смее да се молчи пред криминалот!

March 25, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанева: Не смее да се молчи пред криминалот!

March 25, 2017 16:44
in ПОЛИТИКА
Фотографија од настанот посветен на укажувачите во организација на SCOOP, 2017 / фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Фотографија од настанот посветен на укажувачите во организација на SCOOP, 2017 / фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Сметам дека сите ние одговорни институции, граѓанскиот сектор и медиумите имаме обврска да им покажеме на укажувачите дека претставуваат една од клучните алатки за борба против сите форми на корупција и различните форми на злоупотреба од страна на високи функционери“, изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на настанот со кој се одбележа Меѓународниот ден на укажувачите и Денот на слободен говор во Македонија, во организација на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна  Европа (SECWP) и на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.„На овој начин ќе ги потикнеме граѓаните кои се свесни за злоупотребите и корупцијата, но се чувствуваат несигурни и загрижени за последиците и реперкусиите, со кои тие и нивните семејства можат да се соочат, ако проговорат“, изјави Јанева во своето обраќање на Меѓународниот ден на укажувачите.

Јанева додаде дека СЈО има одговорност да обезбеди доверба на граѓаните во институциите. Таа нагласи дека  СЈО постојано укажува на потребата од имплементација на препораките на Венецијанската комисија, во однос на Законот за заштита на приватноста и Законот за заштита на укажувачите, заради проблемите на вработените со кои се соочуваат постојано, а токму поради недоследностите во наведените законски решенија.

„Морам да истакнам дека Специјалното јавно обвинителство кое го раководам повеќе од една година, го доживувам, преку нашите прес-конференции,  како да сме ‘свиркачи’ и дека придонесуваме на некој начин кон подигање на свеста кај граѓаните“, истакна Јанева.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Катица ЈаневаМеѓународен ден на укажувачитеСКУПЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result