„Мандатот на Специјалното јавно обвинителство е пет години, односно четири, со право на продолжување од една година. Имаме мандат да работи, ќе продолжиме да работиме на нашата мисија да ги обработиме сите разговори. Што се однесува на рокот за поднесување обвиненија, тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе се најде решение во најбрз можен рок“, истакна Специјална јавна обвинителка Катица Јанева, денеска во Охрид, каде е еден од предавачите на Школата на природно право.
Во однос на активностите за наредниот период, Јанева најави нови истраги.
„Очекувајте дека и во идниот период ќе отвораме нови истраги. Од целосниот материјал со којшто располагаме, 12% се целосно завршени, 33% се во обработка, 55% не обработени. Има многу материјал од прислушуваните разговори, има и на различни јазици, тоа е дел што се уште не сме започнале да го обработуваме“, посочи Јанева.