Катица Јанева, заедно со уште пет члена од Специјалното јавно обвинителство, денеска одржа два ипол часовна работна средба со членовите на Советот на јавни обвинители.
Денешната средба, која беше затворена за јавноста, доаѓа по минатонеделниот разговор на Јанева со членовите на Советот, на која беше договорено сите обвинители што работеле на случајот „Пуч“ да бидат присутни на состанокот, на кој присуствуваше и претставник на ОБСЕ.
Што конкретно се разговарало за средбата не е познато.
Јанева по средбата кусо изјави дека не се разговарало конкретно за предметот „Пуч“, туку, за повеќе случаи на кои работи СЈО и најави дека Советот на јавни обвинители ќе излезе со соопштение.
Што се однесува до предметот „Пуч“, во кој беше обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, таа изјави дека предметот сè уште не е предаден на претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, но и дека сé уште ќе се разговара на таа тема и дека ништо не е конечно решено.