Градоначалникот на Гостивар, др. Арбен Таравари на Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“ со свои гледишта за кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 за годината што претстои.
Поминавме релативно тешка година со пандемија којашто беше неочекувана не само за нас, туку и за целиот свет, и од крајот на февруари и почетокот на март кога веќе беше прогласена пандемијата, практично направи огромни проблеми за нашата држава, за нашиот град и за цела Европа и цел свет. Поминавме тежок период, во аспект на здравството, посебно во нашата држава каде имаме здравствен систем каков што го имаме, а повеќето од нас го почувствувавме врз нашата кожа, и плативме релативно скапо, и со човечки животи. Но, тоа е тоа, некои работи едноставно не зависат од нас. Повеќето граѓани дадоа свој придонес придржувајќи се кон мерките што ги препорачуваа компетентните институции, сега сме при крај на пандемијата, се надевам, се гледа светло на крајот од тунелот, тоа е вакцината што се подготвува за идната година… Се надевам дека веќе во првите месеци на 2021 година ќе започне вакцинацијата и во Македонија.
Сето ова причинува и економски последици, и во општините, и во државата, и за Владата и министерствата, и за целокупното функционирање на општеството. Сметам дека сега, како никогаш порано, треба да бидеме сплотени, да бидеме заедно сите, без разлика на етничка, партиска или каква било припадност, бидејќи ова е навистина тежок период, вакви работи се случуваат еднаш во сто години… И затоа, мислам дека сите треба да покажеме флексибилност едни кон други, за да ја поминеме оваа криза.
Според професионалните експерти, предвидувањата се дека во првата половина од 2021 година, можеби веќе од јуни ќе бидеме без маски, без кризна состојба, ќе се вратиме на нормалното живеење, а тоа нормално има реперкусии во финансиското работење, и во функционирањето на институциите на системот. Повеќето луѓе се исплашени, веќе ги доживуваме економските последици, вели Таравари, посочувајќи и на зголемените задолжувања за време на кризата со пандемијата и на општинско, и на државно ниво, како и на глобално ниво.
Д. Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети