• Latest

Архивските материјали се заштитени, изградба на нов објект е трајно решение

April 4, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Архивските материјали се заштитени, изградба на нов објект е трајно решение

April 4, 2018 12:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го задолжи директорот на Државниот архив да изготви акционен план за изградба на нов објект со кој ќе се постигне заштита на долг рок на архивската граѓа, изјави на денешната прес-конференција министерката Зорица Апостолска, објаснувајќи ја вчерашната одлука на Владата за трајно решение на зградата на Државниот архив.

„Одлуката е врз основа на пошироки консултации и фактички увид на лице место, со што се соочуваат сите три инволвирани институции. Најсоодветно решение е да биде изграден сосема нов објект со сите потребни стандарди кои сега ги немаат. Со менување веќе донесени одлуки и пореметување други институции ќе создадеме нов проблем од ист карактер“, изјави Апостолска.

Како поддршка на оваа одлука, дополнително посочи таа, се вклучила и итната потреба за санација на атмосферските води во постоечкиот објект.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, посочи дека архивските материјали во моментот се заштитени и ниту еден материјал не е оштетен.

„Ова е проверено. Имаме комисиски записник. Направен е увид. Во старото депо се уште се чуваат архивските материјали и ќе продолжат да се чуваат и правиме трајно и конечно решение. Не можеме да направиме решение, со кое ќе отвориме други два проблеми“, изјави Бошњаковски.

Во однос на чинењето на ова решение, Апостолска посочи дека директорот на Архивот треба да изработи план, во кој ќе бидат таксативно опишани сите активности за изградба и во соработка со Министерството за финансии да изнајде финансии.

„Секако Владата има свесност дека тоа ќе биде поскапо отколку враќањето назад, но имајќи го предвид значењето на сите инстутуции, особено на архивскиот материјал најцелисходна одлука е да се гради нов објек“, изјави Апостолска.

Прашана зошто не се прифатило решението за враќање на архивот во старите простории, Апостолска, рече дека одлуката за селење е донесена уште во 2012 година.

„Таа одлука е донесена и е на сила. Фактичкиот увид, наспроти оваа одлука, е што Основното обвинителство се наоѓа пред вселување и направени се пренамени во последните неколку години. Потрошени се средства и направени се специфични лаборатории и истражни центри и самата институција е пред непосредно вселување“, изјави Апостолска.

Нагласи дека дека депото во старата зграда се уште е на располагање на Државниот архив.

На новинарско прашање, што доколку нешто во меѓувреме се уништи и чија ќе биде одговорноста, Апостолска, рече дека одговорноста треба да се бара таму каде и кој си ја донел одлуката.

„Би требало Државниот архив да си ги испитува тие состојби и да си предлага активности и иницијативи“, рече Апостолска.


извор: МИА

Tags: владаДржавен архиврешение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ