Кристина Арнаудова, музичарка и хуманитарка, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека треба да се учат децата да бидат добри луѓе.
„Мислам дека нема ништо поважно од тоа човек да може слободно и гласно да каже сé она што мисли и сé она што е, без да се плаши притоа дека нешто ќе му се случи, дека некој нешто ќе му направи, дека ќе биде навреден, дека ќе биде деградиран, дека ќе биде жртва на булинг во семејството. И сметам дека ако не тргне од семејството тоа воспитување, ние немаме друг начин како тоа да го воспоставиме како некаков норматив. Бидете добри родители и учете ги вашите деца да бидат добри луѓе“, вели Арнаудова.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети